Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 недела старост, страдав“

Кој ти помогна најмногу во животот од денешна гледна точка?

Видете најмногу ми помогнаа покојниот поранешен директор Александар Симески и неговото семејство, како и неговиот зет Тони кога ме вработија во Жито Лукс.

Потоа некогашниот премиер Никола Груевски, кој ми додели државен општествен стан, само ме боли до ден денес, што не можам да го откупам и да го препишам на моите три деца, но и тоа ќе биде, не губам надеж.

Никола ни додели на сите социјални станови, ни изгради социјални згради во цела Македонија, вработување со закон добивме, бесплатно образование како и уписи на сите државни факултети, голем дел, поточно преку 40 штитеници завршија разни факултети.

Сега, секој младинец добива по 3.000 евра кога го напушта домот со наполнета 18 година, а не ние со 20.000 денари невработени и без покрив над глава.

Сега тие тоа го имаат благодарение на моето залагање. За ова се изборив - да се прифати и донесе закон за нас штитениците од домови да има основна помош кога ги напуштаме детските домови на улица од нашата наполнета 18-та година.

Медиумите ми помогнаа многу кога ни беше најтешко и без вас ништо немаше да се постигне, односно немаше со закон да бидеме заштитени.

ilija-od-bitola-porasnal-vo-dom-za-deca-bez-roditeli-denes-e-tatko-na-3-deca-bev-ostaven-na-1-nedela-starost-stradav-22.jpg

Што би им порачал на децата кои растат во дом?

Им порачувам да ги слушат наставниците, без разлика кои и какви се, да учат повеќе, да бидат примерни и одговорни во самиот дом и во училиште.

Да се дел од нови средини и да учат од работните навики на другарите за да бидат самостојни... Од никого ништо да не очекуваат и да не завршуваат по улици и лоши патишта.

Им посакувам да си дочекаат полуматура, матура, упис и продолжување со високо образование, создавање на нивни семејства, свој дом, како и подобра иднина, вработување...

Нашето минато нека им биде на ум и лекција дека деца во дом не смеат да оставаат!

ilija-od-bitola-porasnal-vo-dom-za-deca-bez-roditeli-denes-e-tatko-na-3-deca-bev-ostaven-na-1-nedela-starost-stradav-31.jpg

А што, пак, на родителите на посвоени деца, кога тие треба да им ја кажат вистината за нивното потекло и зошто баш на таа возраст?

Ова погоре го напишав – сите мораат вистината да ја знаат кога се посвоени, на која возраст, и идентитетот да не им се менува, идентитет кој го имаат од самото нивно доаѓање на овој свет: име, презиме, дата и година на раѓање и ЕМБГ, како и од кој град се со потекло.

Секој треба да ја дознае вистината на својата наполнета 7-годишна возраст. Да престанат со мито да ги купуваат бебињата и на посвоителите им порачувам да не ги уништуваат, кинат и палат сите документи од посвојувањата.

ilija-od-bitola-porasnal-vo-dom-za-deca-bez-roditeli-denes-e-tatko-na-3-deca-bev-ostaven-na-1-nedela-starost-stradav-25.jpg

Најтешките ситуации со посвоени деца на кои си посведочил во Македонија … 

Едно или неколку деца се разделени од свој брат, сестра или полубрат. Тоа е ужасно!

Инцест се случи кај една сестра и брат кои биле разделени, потоа се запознаваат и се вљубуваат еден во друг, влегуваат во љубовна врска и стапуваат во брак.

Тука ги осудувам институциите... Кој сега ќе ја надомести штетата кон овие брат и сестра?

Ова нека биде прво и последно – да не се разделуваат брат и сестра, прво, второ и трето колено, за ова да не се повтори во цела Македонија, како и во целиот свет.

Ова ме загрижува најмногу и за моите деца - да не се запознаат со нивни први или втори, трети братучеди, па после да биде: „Оф, леле мајко, што нè снајде судбина“.

ilija-od-bitola-porasnal-vo-dom-za-deca-bez-roditeli-denes-e-tatko-na-3-deca-bev-ostaven-na-1-nedela-starost-stradav-21.jpg

Претседател си на здружението „Градиме иднина“... Која е мисијата на оваа организација?

Мојата мисија е дадена од Господ – да се изборам за нашите права и да ја дознаеме целата вистина за нашите биолошки родители.

Ние деца не оставаме и не ги даваме во дом, како ни за продажба.

„Градиме иднина“ Скопје е мојот сон.

Мојата хуманост започна само со еден мобилен телефон, стар велосипед и полн тефтер со наши секојдневни проблеми, а здружението го работев по 22 часа на ден и имав многу ноќи неспиени.

Јас сум до денес истиот – со мобилен телефон, велосипед и познат во јавноста како голем борец и критичар кон политичари и функционери, дека сме потполно заборавени од споменатите лица.

Две нови куќи изградивме за социјални семејства од Тетово и Велес, и оваа хумана мисија продолжува преку проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ и следниот проект „И ти имаш право да ги знаеш твоите биолошки родители“.

Последниот проект од мојата хуманост ќе биде да изградам уште неколку куќи за најзагрозени семејства од социјален ризик. Моето мото е: работа, работа, работа.

ilija-od-bitola-porasnal-vo-dom-za-deca-bez-roditeli-denes-e-tatko-na-3-deca-bev-ostaven-na-1-nedela-starost-stradav-09.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg