Магдалена помага на жени-жртви: „Случајот со Ивана и ќерка ѝ не е лична трагедија - многу жени гледаат во самоубиството единствен излез“

„Многу жени никогаш не пријавуваат, а дел од оние што ќе пријават го повлекуваат исказот, не затоа што насилството престанало, туку зашто притисокот врз нив станува уште поголем. Насилникот може да се заканува, уценува, да ветува дека ќе се промени. Семејството некогаш врши притисок 'да не се срами куќата',“ вели Магдалена Чадиноска Кузманоски, социјален ментор на жени жртви, за CRNOBELO.com.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-01.jpg

Магдалена Чадиноска Кузманоски, е социјален ментор на жени жртви во „Паблик“ - здружение на граѓани за истражување, комуникации и развој.

Во својата долгогодишна работа, таа постојано се среќава со жени кои вели, трпат, секаков вид на насилство - и економско, и сексуално, не само семејно.

За CRNOBELO.com, таа открива и дека многу често се среќава со жени кои сметаат дека самоубиството им е единствен излез, па дека тогаш поддршката е најважна.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-02.jpg

За случајот со Ивана и нејзината малолетна ќерка, но и за голготата низ која поминуваат овие жени, прочитајте го интервјуто:

Кој е вашиот став за последниот случај со Ивана и нејзината ќерка?

Овој случај не треба да се сведува на лична трагедија, туку да се гледа како аларм за системот.

Кога жена пријавува или бара помош, а заштитата не е доволна или навремена, тогаш мора да се постави прашањето каде институциите потфрлиле.

Ако секој ваков случај не резултира со сериозна анализа и конкретни промени, тогаш ризикуваме повторување.

А тоа како општество не смееме да си го дозволиме. Ако како држава реагираме дури по трагедија, тогаш да не велиме дека сме систем што штити, туку за жал, систем што брои жртви.

Колку често во текот на кариерата се среќавате со жени жртви на семејно насилство?

Премногу често. Во пракса, речиси и да нема период во кој не работам со жени кои трпат психичко, економско, физичко или сексуално насилство.

Она што е особено загрижувачко е што случаите сè почесто се во фаза на сериозна ескалација.

Наместо да доаѓаат на почетокот, кога насилството може поефикасно да се превенира, жените најчесто се јавуваат кога веќе се исцрпени, заплашени и кога чувствуваат дека немаат излез.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-05.jpg

Зошто мислите дека доаѓаат кога веќе ескалираат работите, зошто молчат?

Во најголем дел доаѓаат кога насилството трае со години. Ретко која жена бара помош по првиот инцидент.

Обично насилството почнува со контрола, љубомора, ограничување на контакти и финансии, па постепено преминува во отворени закани и физичко насилство.

Во тој процес жената често се изолира, ја губи самодовербата и станува економски зависна.

Молкот најчесто произлегува од страв - страв од одмазда, од тоа што ќе се случи ако пријави, од тоа дали институциите навистина ќе ја заштитат.

Тука се и срамот и општествениот притисок „да се зачува семејството“, како и надежта дека насилникот ќе се смени.

Најголем проблем прави и она научено патријархално однесување дека најважно е да го сочуваме семејниот образ, наместо сопствениот.

Кога на тоа ќе се додаде недовербата во институционалната реакција, молчењето станува механизам на преживување.

Како може жената да се заштити и каде да побара помош?

Првиот чекор е да препознае дека насилството не е приватна работа, туку кривично дело.

Таа може да се обрати во полиција во рамки на Министерство за внатрешни работи, каде што постои обврска да се направи проценка на ризик и да се преземат итни мерки.

Паралелно, може да побара поддршка од Центар за социјална работа, како и од граѓански организации кои обезбедуваат правна и психолошка помош и засолниште.

Но мора да бидеме реални - заштитата не смее да зависи само од храброста на жената.

Таа може да пријави, но ако институциите не реагираат брзо и координирано, ризикот останува.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Марта Гусар, наша адвокатка која нема изгубено случај за семејно насилство: „Поради некои случаи има... „Кај мажите дури и имам предмет, каде најпрво не се сфаќа сериозно и не му сe по...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Успешни Македонци низ светот: Инес Станковска прави силуети од хартија - учела од дедо ѝ во Париз, с... „Им имам направено силуети на Џенифер Лопез, Мајкл Даглас, Џон Траволта... Сум р...

Најчитани неделава