Магдалена помага на жени-жртви: „Случајот со Ивана и ќерка ѝ не е лична трагедија - многу жени гледаат во самоубиството единствен излез“

Колку често жените пријавуваат и зошто се премислуваат?

Голем дел од жените никогаш не пријавуваат. Од оние што пријавуваат, дел подоцна го повлекуваат исказот.

Тоа најчесто не е затоа што насилството престанало, туку затоа што притисокот врз нив станува уште поголем.

Насилникот може да се заканува, да уценува или да ветува дека ќе се промени.

Семејството понекогаш врши притисок „да не се срами куќата“, а економската зависност ја прави одлуката уште потешка.

Исто така, предметите се премногу заглавени во судовите и за тоа време насилникот има простор да делува лично, преку децата или преку роднини жената да ја повлече пријавата.

Кога жената ќе види дека институционалната постапка е бавна и неизвесна, чувството дека останува сама со последиците ја тера да се повлече.

Колку е важна семејната поддршка и јавното зборување?

Поддршката од најблиските често е пресудна. Една јасна порака дека не е виновна и дека има каде да оди може да направи огромна разлика.

Истовремено, јавното зборување ја руши тишината што го штити насилникот.

Колку повеќе го третираме семејното насилство како општествен проблем, а не како приватна работа, толку повеќе жени ќе се охрабрат да побараат помош.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-03.jpg

Зошто жените се враќаат кај насилникот?

Враќањето најчесто е резултат на комплексен круг на насилство.

Психолошката манипулација, изолацијата, емотивна поврзаност и економската зависност создаваат чувство на немоќ.

Насилникот често ветува промена, покажува краткотрајна „смирена“ фаза и ја обновува надежта.

Ако жената нема финансиска сигурност, стабилно сместување или поддршка, изборот да замине станува речиси невозможен.

Тоа не е слабост, туку последица на долготрајна контрола.

Дали сте имале случаи каде жената гледа на самоубиството како единствен излез?

Да, за жал. Кога жената ќе почувствува дека нема институционална заштита, дека нема финансиски ресурси и дека никој не ја слуша, чувството на безизлезност може да стане многу опасно.

Во тие моменти најважно е да ѝ се врати чувството дека има избор и дека постојат конкретни чекори за заштита.

Тука е многу важна поддршката што ќе ја добие и од институциите, но и од организации што работат на овие прашања.

Потребна е бесплатна психолошка, правна и секако економска поддршка, не во смисла само на финансиски средства, туку тоа што и ние го работиме преку нашата програма Социјално менторство за работна интеграција, наоѓање вистинско работно место кое одговара на капацитети и моменталните можности на жената.

Ако сè ова успееме да го обезбедиме тогаш можеме да зборуваме за вистински поддржана жена.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-04.jpg

Дали фемицидите носат вистинска промена или брзо се забораваат?

Секој фемицид накратко ја потресува јавноста, но ако нема системска анализа и одговорност, темата брзо се маргинализира.

Имаме законски обврски, вклучително и оние што произлегуваат од Истанбулската конвенција, кои бараат превенција, заштита и санкционирање.

Прашањето не е дали имаме доволно закони, туку дали тие доследно се применуваат и дали се презема одговорност кога ќе има пропуст.

magdalena-pomaga-na-zheni-zhrtvi-sluchajot-so-ivana-i-kjerka-i-ne-e-lichna-tragedija-mnogu-zheni-gledaat-vo-samoubistvoto-edinstven-izlez-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Фото: Ирина Крстевска, depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Марта Гусар, наша адвокатка која нема изгубено случај за семејно насилство: „Поради некои случаи има... „Кај мажите дури и имам предмет, каде најпрво не се сфаќа сериозно и не му сe по...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Успешни Македонци низ светот: Инес Станковска прави силуети од хартија - учела од дедо ѝ во Париз, с... „Им имам направено силуети на Џенифер Лопез, Мајкл Даглас, Џон Траволта... Сум р...

Најчитани неделава