Стефан Ашковски за CRNOBELO по голготата во Иран: „Не ме пуштаа да излезам од земјата, немав контакт со блиските неколку дена“
Се врати по некое време и пак ми вели дека не може да платам казна, туку мора да се вратам во Техеран по излезна виза.
Пак му се јавив на Умид, му кажав што се случува, пак разговараше со нив и му велат по вторпат дека ќе платам казна.
Како спуштивме, мене пак истото - не може казна, мора во Техеран назад. Мачење невидено.
И третпат му се јавив на Умид. Тој се изнервира и почна да им вика, да зборува поагресивно и тогаш попуштија, па платив и излегов од земјата.
Преминав на турска граница и таму саат време чекав такси, па дури откако влегов во таксито се опуштив малку, почнав да се смирувам.
Дома си дојдов пред 2-3 дена и успеав да се одморам, спијам многу, спијам добро и среќен сум што сум во Скопје, со фамилијата.
Стефан со сопругата Елена
За Јасир не знам што да кажам, немам зборови. Да не беше тој не знам како ќе успеев да се вратам. И не само тоа.
Уште првиот ден кога дојдов во Иран за да играм за клубот, само што стигнав во хотелот, Јасир дојде, исто беше со неговиот возач, па тогаш го запознав и него.
И бевме заедно буквално секојпат кога доаѓав во Техеран. Мојот клуб, кога игра гостински утакмици оди во Техеран, тука има база, па тука и тренираме и играме.
Така што, со Јасир бевме нераздвојни овој период.
Стефан и Јасир Асани
Ова беше едно големо искуство за мене, ама за ништо не жалам, зашто поминав убаво време во Иран.
Луѓето имаат големи предрасуди за земјата и многу од она што се објавува во медиумите не е вистината за Иран.
Луѓето таму се предобри, сакаат да помогнат, особено ако си странец, за странците не постои опасност, храната им е вкусна, имаат убава култура, традиција, евтино е за живот.
Убава земја е. Имаат и преубави планини за скијање, места каде што во моментов има 25 степени, но и места кај што во истиов момент е -20, нереално е, а затоа што е преголема државата.

Откако сум дојден успеав да исконтактирам со еден соиграч од клубот и го замолив да му сврти на Мердар за да дознае што е и како е со него и со неговата фамилија.
Важно ми е да знам дека се добри и соиграчот ми кажа дека се сите во ред и тоа ми беше многу битно.
Го прашав и за ситуацијата и ми кажа дека во моментов не е многу опасно, зашто иако има бомби и експлозии, тоа е во воените бази“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
