Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“
Во тие моменти домот е бучен, жив, понекогаш хаотичен, но и полн со живот.
Сопругот Дејан е шеф на ресторан. Професија што не знае за слободни викенди, празници, кратки смени или стабилен распоред.

Освен долгите часови во кујна, има и снимања, што значи уште повеќе отсуство од дома.

Не затоа што не сака да биде со нас, туку затоа што така изгледа борбата за егзистенција.
Така изгледа одговорноста, но кога е тука и e слободен, тој е навистина посветен татко.

Кога конечно ќе ја оставам Ева во градинка, многумина мислат дека тогаш почнува мирниот дел од денот.
Но, тоа е само друга фаза од истиот маратон.

Се враќам дома со Ива, која има осум месеци и веќе почна да јаде.
Во нашиот дом го следиме BLW принципот што значи дека оброците се вистинска мала авантура.

Храната е на масата, на рацете, понекогаш и на подот, но тоа е дел од учењето.
Таа јаде двапати во денот, а тоа значи планирање, подготовка и трпение.

Во меѓувреме, додека Ива дремнува, треба да се направи ручек за дома. Да се среди кујната, да се испере облеката, да се соберат играчките што се појавуваат како да имаат свој живот.

Тоа се оние тивки часови кога домот изгледа мирно, но всушност се часови полни со секојдневни задачи, што никој не ги гледа.

