Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“
И во сето тоа, постои уште еден дел од мојот живот мојот бизнис.
Имам фото студио. Тоа не е само работа, туку страст што ја градев со години.

Но, да се води бизнис паралелно со мајчинство со две мали деца значи постојана организација: пораки од клиенти, закажувања, идеи за снимања, подготовка на сцени, фотографирања… Често додека едно бебе е во раце.
Попладнето повторно носи нов ритам.

Ева се враќа од градинка со илјада приказни, прашања и емоции што сака веднаш да ги сподели.
Ива сака раце и внимание. Во тие моменти најчесто стојам меѓу нив, обидувајќи се да бидам доволна за двете.

Навечер, кога конечно сите ќе заспијат (среќа, па заспиваат рано), домот добива краток момент тишина.

Тогаш најсилно се чувствува заморот во рацете што цел ден носеле, во грбот што се наведнувал, во очите што спиеле премалку.

Живееме без секојдневна помош од баби и дедовци. Тие се во други градови.
Нема „остави ги на два часа“, нема спонтан одмор. Сè е организација, трпение и љубов што понекогаш се мери во многу мали, но важни моменти.

Но, во исто време, ова е и нашиот мал свет. Јас, Дејан, Ева, Ива и Мини.
Бучен, уморен, несовршен… Но, наш.

И ако има нешто што го научив во овој период, тоа е дека мајчинството не е секогаш мирно и поетично како на фотографии.

Понекогаш е гласно, напорно и хаотично. Но, во сета таа бучава расте нешто највредно - љубов што се создава секој ден, одново.

А ако некој се препознае во оваа приказна знајте дека не сте сами. Не сте слаби.
Само сте уморни. И тоа е доказ колку многу давате!“





Прочитајте и На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала оаза (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
