Д-р Стефанка Ѓорѓиевска, ендокринолог: Сè за тироидните хормони – кои и кога се проверуваат, дали при секоја промена се прима терапија?

Што е хипотиреозата, а што хипертиреозата, дали тироидните хормони може да се пореметат привремено и мора да се прима терапија, кога и дали се прават анализи на хормони на гладно, кога се проверува ФТ3, а кога ФТ4, што означуваат вредностите - Д-р Стефанка Ѓорѓиевска, ендокринолог за CRNOBELO.com разјаснува дилеми.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-01_1.jpg

Д-р Стефанка Ѓорѓиевска е специјалист ендокринолог, со која поразговаравме за една прилично честа здравствена тема - тироидна жлезда, односно тироидни хормони. 

Тироидната  жлезда, или “чуварот на енергија”, како што често пати знае да биде наречена, контролира едни од најважните функции во човечкиот организам. Оваа мала жлезда, се наоѓа на предната страна на вратот, составена е од два тироидни лобуси: десен и лев, поврзани со истмус, и е  обвиена  со капсула.

Составена е од фоликули, кои се изградени од тироидни клетки, наречени тиреоицити. Има форма на пеперутка и тежи само 20-25 грама.

Интересен факт е дека женската популација е 5-8 пати повеќе склона кон проблеми со тироидната жлезда, отколку машката.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-06.jpg

Кои се хормоните на тироидна жлезда, кога треба да се проверат, како се прават анализи, кога се прима терапија и како може да се превенираат здравствени состојби поврзани со тироидната жлезда. 

Д-р Стефанка Ѓорѓиевска одговара за CRNOBELO.com на прашања за тироидни хормони:

Кои се хормони на тироидна жлезда и што означуваат? Што значи кога се покачени, а што кога се намалени?

Тироидната жлезда произведува 3 основни хомони: Т4-тироксин, Т3-тријодтироинин и калцитонин.

Првите 2 хормони се одговорни за контрола на метаболитните процеси во организмот, а калцитонинот учествува во одржување на нормалните нивоа на калциум.

Т3 и Т4 во крвта циркулираат во слободна и во сврзана форма. Биолошки активни се слободните форми на хормоните ФТ4 (слободен Т4) и ФТ3 (слободен Т3).

Сврзаните хормони, циркулираат сврзани за транспортни протеини и ги осигуруваат потребните резерви од тироидни хормони во човечкиот организам.

За да се објасни функцијата на жлездата се прават анализи на слободните тироидни хормони (ФТ3 и ФТ4).

Таа се испитува кога имаме симптоми на зголемена или намалена функција на тироидната жлезда.

Што значат тие состојби:

- Хипотиреозата, е состојбата на намалена функција на тироидната  жлезда, кога таа произведува помалку хормони.

- Обратно, хипертиреозата е зголемена функција на тироидната жлезда , или состојбата кога таа произведува повеќе хормони.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-03.jpg

Дали е опасно ако вредностите на тироидните хормони кратко време излезат од нормала, дали веднаш се прават други испитувања и се дава терапија?

Честопати се случува хормоните на тироидната жлезда да се пореметат привремено и нивните отстапувања да бидат минимални.

Најчести причини за тие привремени пореметувања може да бидат:

  • Стрес/акутна болест
  • Вирусна инфекција
  • Лекови (кортикостероиди, амиодарон, контрацепција)
  • После породување
  • Лабораториска грешка (анализа во погрешен момент)

Ако отстапувањето во хормонските анализи е мало, тоа обично се повторува после 4-6 недели, за да се процени дали е привремено.

Со терапија не се започнува веднаш. Такви се состојбите на супклиничка хипертиреоза и супклиничка хипотиреоза.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-05.jpg

Може ли да има разлика во резултатите (и какви) во зависност од тоа кога е направена проверката на хормони? Како и кога е правилно?

Анализите на тироидните хормони најдобро е да се направат наутро (помеѓу 8 и 10 часот), бидејќи тогаш нивото на хормоните е највисоко.

Анализата се прави преку венска крв, на гладно (после 8-12 часа глад), без прием на кофеин, медикаменти кои би можеле да влијаат на резултатите и пред прием на редовната терапија за тироидна жлезда.

Контролата на резултатите е пожелно да се прави во истата лабораторија.

Кои хормони треба да се проверат и дали се проверуваат превентивно или само по потреба? И колку често?

Прво се прави ТСХ анализа, (тиреостимулирачки хормон), ФТ4, а по потреба ФТ3.

Ако постои сомнеж за автоимуна болест на тироидната жлезда со хипотиреоза (Хашимото тиреоидитис), се прават анти-ТПО и анти-Тг антитела.

Доколку има симптоми на хипертиреоза, се прават дополнителни анализи - ТРАК/ТРАб антитела.

При јазли на тироидната жлезда се прави и анализа на Тиреоглобулин и Калцитонин.

Доколку се сомневаме за јазол, зголемена тироидна жлезда, или за дифузни промени на истата, се прави ехографски преглед.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-01.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Д-р Миленко Костов, неврохирург: „Најдолгата операција ми траеше 13 часа, најмлад опериран пациент н... „Хроничната болка во кичма никогаш не треба да се прифаќа како „нормална состојб...
Лиде Стојановска за родниот град: „Како деца во Кратово им се восхитувавме на светулките, беревме шу... „Покрај средновековните кули, под старите борови, времето тече поинаку, пополека...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Наталија Данаилова за родниот град: „Во Богданци зад куќата имам рид, се будам со песната на птиците... „Прва асоцијација кога се говори за моето родно Богданци е природата т.е ридот, ...
Д-р Маја Врчаковска, кардиолог: „Постојан висок притисок над 140/90 е опасен за срцето, мозокот и кр... Кои се симптомите на висок притисок? Колку е опасен и како да го намалите? Што з...
Љубовната приказна на Мартина и Крсте од Тетово: „Ме запроси со светлечки натпис и балони во рестора... „Крсте ме запроси во ресторан со куполи во Урошевац со светлечки натпис „Will yo...

Најчитани неделава