Виктор Настески, работи 25 години на брод: „Децата и сопругата дојдоа да ме видат - тежок е животот меѓу брановите и семејството“
Нивната радост помината во детските игротеки и насмевката додека ги пробуваа јадењата за кои сум јас одговорен, беа мојата најголема награда.


Нашите денови беа исполнети со истражување.
Од прошетките низ стрмните улички на Лисабон и уживањето во автентичниот Порто, до највозбудливиот момент за машкиот дел од екипата – фудбалскиот натпревар во Лисабон.

Беше неверојатно искуство во живо да се гледа Бенфика на Мурињо, момент кој Леонид долго ќе го памети.


Но, тука е предизвикот на природата, а морето знае да биде и сурово. Патот од Сантандер до Лисабон нè пречека со силен ветер и бранови високи над 6 метри.


Иако „Ventura“ е голем и стабилен брод, природата си го направи своето – Леонид и Матеа ја почувствуваа морската болест.
Леонид помина цел ден во кревет со главоболки и тегоби во стомакот, но дури ни тоа не ја расипа магијата.

Како што велиме ние морнарите... тоа е дел од патот, но не е пречка за повторна средба со морето.

Благодарност до тимот и мојот столб – сопругата. Инаку, за да можам целосно да им се посветам, голем дел од административната работа ја завршив однапред, а моите заменици завршија одлична работа додека јас бев со најмилите.

