Љубовната приказна на Љупка и Марјан: „Врската ни беше на релација Скопје-Копенхаген, ме запроси кај Прилепското Езеро“
Сега, заедно со нашиот син Марко, постојано гледаме да истражуваме нови места, нови земји и да создаваме заеднички спомени низ светот.

После година и пол врска следуваше запросување, што никогаш нема да го заборавам.

Бевме на прошетка кај Прилепското Езеро со семејството, кога одеднаш се појавија моторџии и започнаа „кавга“ со сопругот.

Јас навистина немав апсолутно никаква претстава што се случува и бев убедена дека сме им пречеле на патот.
Околу нас имаше дронови и фотографи, па мислев дека се снима некаков спот. А всушност, сè било совршено организирано само за тој момент - кога ме запроси.

До ден денес ја раскажувам таа приказна со смеа и огромна возбуда.

Пред свадбата имав прекрасно патување на Малдиви со групата со која вежбам, период исполнет со многу смеа, убави моменти, тренинзи на плажа и незаборавни спомени.

А веднаш потоа следеше и изненадување моминска забава, што мојата сестра со најблиските ја организирале со многу љубов - уште еден момент што засекогаш ќе ми остане во срцето.

И свадбата ни беше организирана токму онака како што сме сонувале.
