Љубовната приказна на Љупка и Марјан: „Врската ни беше на релација Скопје-Копенхаген, ме запроси кај Прилепското Езеро“
Направивме прекрасна свадба во Аликас во Скопје, со бели гулаби, огномет, емоции и многу љубов.

Секој детаљ беше внимателно испланиран. Имав и два фустани — еден за свадбениот ден и друг посебно за фотосесијата, кој совршено ми стоеше и направи фотографиите да изгледаат уште помагично.

Иако секојдневно создаваме свадбени спомени за други луѓе, нашата свадба и нашата фотосесија остануваат нашата омилена приказна.

Особено ја паметиме фотосесијата на Козјак со фотографот Никола Коцев - и покрај дождот и ладното време, со многу смеа создадовме спомени што ќе ги чуваме цел живот.

Денес живееме заедно со нашиот син Марко во нашиот дом во Маџари, со прекрасен поглед кон Водно - исполнети со љубов, работа што ја сакаме и моменти што за нас имаат најголема вредност“.



