Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми е“
Некои беа нежни и суптилни, други смели и впечатливи - птици, парички, цветови, (птиците како симбол на слобода, цветовите како симбол на женственост, старите парички како потсетник дека вистинските вредности остануваат засекогаш) заедно вклопени во нова приказна која раскажува дека модата не е само тренд – модата е начин на пренесување генерациски вредности.
Додадов и златни синџирчиња за да постигнам помоќен „chunky“ изглед.

Денес кога го носам тоа сако чувствувам како да носам дел од моето семејство, дел од историјата што ме обликувала и направила тоа што сум.

Редизајнираното сако од баба ми стана повеќе од statement парче - свадбата од 1989г., денес живее на поинаков начин, не само како стара фотографија во албум, туку како жив потсетник дека вистинската убавина на облеката не лежи само во брендот и трендот, туку во приказните што ги носи со себе, и во нејзината моќ да не потсети кои сме и од каде доаѓаме.

Од плакарот на баба ми, до урбано street парче – во ера на fast fashion, ова сако доби нов живот, а неговата трансформација ме потсети дека највредните нешта не се купуваат, туку се наследуваат“.







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
