Никола Поповиќ за 8 месеци стана популарен јутјубер: „Снимам од октомври 2025, се заработува добро“
Колку си задоволен од својот живот и работата во моментов? Се заработува ли добро од ова, може ли да се живее, или имаш други професионални планови?
Искрено, во моментов сум презадоволен од тоа што го работам.
Не очекував толку брз раст и толку брзо да дојдат резултатите, но сум многу благодарен за тоа.
Сметам дека кога човек е посветен, кога работи максимално и верува во себе, навистина може да постигне многу.
Оваа работа нема класичен лимит - колку повеќе вложуваш труд и креативност, толку повеќе резултати можеш да добиеш, па затоа и може да се живее од неа.
Што се однесува до заработката, да, може да биде многу добра, но зависи исклучиво од трудот и конзистентноста.
Имам и други професионални планови за иднина, но засега би ги задржал за себе.
Се надевам дека со време сè ќе се покаже преку мојата работа.

Што никогаш не би направил за популарност и слава?
Не би направил многу работи, што доста личности ги имаат направено за слава и популарност.
Не би правел работи што не се во согласност со моите принципи и вредности само за да добијам популарност или слава.
Сметам дека успехот треба да се гради на вистински труд и квалитет, а не преку нешто што е на сила или на штета на другите.
Секој треба да ја добие својата публика и успех според тоа што навистина го заслужува.

Кликнете и погледнете неколку од видеата на Поповиќ:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело