Ангела Маслов: „Ќерка ми првите 6 години од животот ги мина на Алјаска, син ми се роди во Охрид - Зошто чекав 8 години за второ?“
Во исто време, дома имаш девојче што учи нови работи, има домашни задачи, спортови, свои другарства, свои мали и големи грижи.
Едното дете учи да седи, другото учи како да се снаоѓа во светот.

Едното е нервозно затоа што му растат запчиња, другото затоа што некој не бил добар со неа на училиште.
Два сосема различни света под ист покрив.

Понекогаш планираш ден исполнет со готвење, тренинг, обврски што не чекаат, па комбинираш сè околу бебешки дремки и часови по гимнастика.
Не оди сè според планот, но со мало дете треба уште повеќе прилагодување. Но, научив дека не мора сè да биде совршено за да биде убаво.

А најголемото изненадување за мене беше нешто сосема друго.
Мислев дека бебето ќе биде тоа што најмногу ќе му требам. Но кога дојде второто дете, уште повеќе ја видов мојата првородена.
Бебињата гласно кажуваат кога им требаш. Големите деца понекогаш молчат, па треба да гледаш во некажаните работи.
И токму затоа уште повеќе научив да ја забележувам.

Научив... Да седнам до неа.
Да ја сослушам.
Да ја прегрнам без причина.
Да ѝ покажам дека, иако повеќе не е најмалото бебе во куќата, секогаш ќе биде мое девојче.

А нивната врска… Тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам.
Осум години разлика, а толку многу љубов.
Да ја гледам како го држи, како му зборува, како го смирува кога плаче, како го бакнува по челото, како го смее, како заштитнички стои до него… како природно стана негова голема сестра.

Без љубомора.
Со толку многу нежност.
Со гордост.
Со љубов што никој не ја научил — едноставно ја носи во себе.

А тој…? Ја гледа како таа да може сè.
Како да е најинтересната, најсмешната и најважната личност на светот. Тој е нејзиниот најголем фан.
Понекогаш само седам и ги набљудувам.
И си мислам колку сум среќна што не дозволив туѓите очекувања да ми го одредат времето.
Затоа што ова беше нашето време.
Нашето семејство.
Нашето темпо.

Доминик донесе нова радост во нашиот дом. Радост што дојде осум години подоцна и нè потсети колку е убаво повторно да има бебешка смеа во куќата.
А можеби најубавото нешто што го научив е дека второто дете не го дели твоето срце.
Само те учи колку повеќе љубов можеш да носиш во него.
Затоа што на крајот, љубовта секогаш наоѓа начин да собере сè“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело