Успешни Македонци низ светот: Марина Ангеловска (30) работи во Booking во Амстердам на менаџерска позиција

Пред две години дури бевме и на сафари во јужна Холандија, што беше сосема неочекувано искуство за мене. Буквално има нешто за секого.

Една работа на која најтешко ми беше да се навикнам кога се преселив во Холандија беше големата организираност, особено кога станува збор за дружењето.

Од една страна, токму таа организираност е дел од квалитетот на животот што многу ми се допаѓа, но од друга страна, ми недостигаше спонтаноста на која сме навикнати во Македонија.

Кај нас е сосема нормално да му пишеш некому во текот на денот и да се видите вечерта, додека тука луѓето, и Холанѓаните, и интернационалците, често ги планираат дружењата две или три недели однапред.

На почетокот тоа навистина ми беше чудно и понекогаш ме нервираше, но со текот на времето сфатив дека кога сите функционираат на ист начин, всушност сè оди многу полесно.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-25.jpg

Сега веќе и јас си го планирам распоредот однапред и ми стана сосема нормално. Сè уште, сепак, знае да ме изненади нивото на планирање.

Еднаш за мојот роденден испратив покани речиси два месеци однапред, а двајца холандски пријатели ми одговорија дека не можат да дојдат бидејќи веќе имаат договорена семејна вечера.

Искрено, тогаш сфатив дека, иако мислев дека сум научила како функционираат работите, очигледно сè уште имам простор за адаптација.

Сега е дури и обратно, кога ќе дојдам во Македонија, понекогаш се фаќам себеси како се чудaм колку работи се организираат во последен момент, како на пример организирањето детали само неколку дена пред нашата свадба.

Изгледа дека малку по малку и јас го прифатив холандскиот начин на функционирање.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-10.jpg

Каков е ноќниот живот?

Што се однесува до ноќниот живот, има многу опции. Лично повеќе сакам дневни фестивали, во текот на летото има многу настани на плажи или во паркови, годишно во земјата се организираат над 1.200 фестивали.

За излегувања навечер, има разновидни клубови и локации. Некои барови всушност служат за вечера, а по 23 часот се претвораат во клубови и работат до 3 наутро, а постојат и традиционални електронски клубови.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-23.jpg

Нешто што е доста различно во споредба со Македонија е дека тука сите обожаваат електронска музика, таа е доминантниот жанр во клубовите во моментов.

Јас на почетокот воопшто не бев фан, но со текот на времето почнав да се навикнувам. И уште еден интересен факт е дека речиси сите излегуваат со велосипед, без разлика дали одат на вечера, во бар или во ноќен клуб.

Без разлика на временските услови или колку е доцна, сосема е нормално да се враќаш дома со велиспед и во два или три часот по полноќ.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-09.jpg

Доаѓате ли со сопругот често во Македонија? 

Да, доаѓаме и двајцата, но јас почесто од него, особено откако се роди синчето на сестра ми, Стефан. Секогаш се трудам да бидам таму за божиќните празници, и во лето околу родендените на мојата фамилија, кога можам.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-20.jpg

Во просек одам околу четири до пет пати годишно, некогаш подолго, некогаш пократко. А, на оваа животна возраст имаме и многу свадби на блиски другари, па и поради тоа патуваме почесто.

Во јуни бевме три недели во Македонија, бидејќи всушност ја правевме нашата свадба во Скопје, на која дојдоа многу другари од странство.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-04.jpg

Кога сме таму, деновите секогаш ни се исполнети со семејни и пријателски средби, со многу дружења и моменти поминати со луѓето што ги сакаме.

Можноста да работиме remote од Македонија, многу ни ја олеснува организацијата и ни дава поголема слобода да патуваме почесто.

Секогаш го имам тоа чудно, но убаво чувство дека се враќам „дома“ во двата правци кога патувам. 

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marina-angelovska-30-raboti-vo-booking-vo-amsterdam-26.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Успешни Македонци низ светот: Даниела Настеска работи на откривање лек за дијабетес во Оксфорд „Мојот интерес за болеста која го допира скоро секое семејство во Македонија, е ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...

Најчитани неделава