Фросина Пармаковска: Сакам книгата да живее и да стигне до што поголем број на читатели

„Огромно богатство ни се нашите читатели кои во голема мера го вратија својот фокус кон домашните автори и тоа особено ме радува затоа што тие ни се своевидна појдовна точка, нашата најголема поддршка“, изјавува писателката Фросина Пармаковска, овогодишениот добитник на Роман на Годината за 2017.

frosina parmakovska sakam knigata da zivee i da stigne do sto pogolem broj na citateli 5

„Одбројување“, вашето трето книжевно дело е прогласено за Роман на годината за 2017 година, знаејќи дека пред неколку години „Вишнова хроника“, влезе во најтесниот избор за истоимената награда, какво е чувството да се биде лауреат на една од најважните награди за литература во државата и што претставува таа за вас?

Се разбира дека чувството е прекрасно, особено, имајќи предвид дека оваа награда е збогатена со едно од најзначајните имиња на македонската литература, Славко Јаневски.

Дополнително радува тоа што продолжувањето на наградата Роман на годината беше неизвесно оваа година поради згаснувањето на Утрински весник. 

Самата вест дека оваа мошне важна традиција е спасена, благодарение на фондацијата Славко Јаневски, сите ја дочекавме со огромна радост и возбуда.

3 knigi od izborot za roman na godinata 1

Сигурно сѐ уште ги средувате импресиите од изминатите денови и вниманието го насочувате кон нови достигнувања во вашата писателска карира, кои се вашите очекувања после добивањето на наградата Роман на годината?

Наградата Роман на годината отвора многу врати за романот-добитник понатаму, па дури и како финалист пред неколку години, имав можност да се уверам во придобивките кои произлегуваат од самиот најтесен избор.

Во конкурсот влегов без очекувања, имаше навистина силна конкуренција, па и понатаму ги оставам очекувањата настрана освен едно, кое за мене е најзначајно: книгата да живее и да стигне до што поголем број на читатели.

Тоа е, имено, незаменлива радост за секој писател.

Самиот наслов на романот „Одбројување“ мене лично ме асоцира на минливост. Нешто што иако е уште на самиот почеток може да му го здогледаме крајот и таа непостојаност е присутна во секој сегмент од животот на човекот. Но, каков вид на одбројување се крие низ двестете страници од вашиот роман?

Во овој роман, имаме едно одбројување наназад кое, воедно, претставува своевидна ретроспектива на најдлабоките, најмрачните и најтешки животни искуства и одлуки на главниот лик, но од друга страна, тоа е одбројување нанапред, кон нов почеток кој, пак, наговестува поубави моменти, поубави времиња... поубав живот.

Можноста за оптимистичко толкување на одбројувањето и, генерално, на самиот крај на романот, ми беше една од главните намери работејќи на истиот.

frosina parmakovska sakam knigata da zivee i da stigne do sto pogolem broj na citateli 4

Иако живееме во 21 век кај нас сѐ уште претставуваат табу семејните проблеми, а романот „Одбројување“ ги обработува токму тие проблематики. Колку и да е болна вистината, ретко кој се одлучува да ја прифати таква каква што е, туку решаваат да бегаат од кошмарната вистина. Колку бегството од реалноста и вистината за самите себе и нашите блиски може да го унесреќи човечкиот живот?

Бегството од вистината во услови кога таа носи во себе тага, тегобност или некаков посериозен проблем е секогаш полесниот начин, честопати појавувајќи се како привидно решение, излез од неповолната ситуација.

Во „Одбројување“ одлуката за абортус се јавува како такво привидно справување со неизмерно тешките предизвици поставени пред главниот лик и како таква, таа одлука не е исправна.

Не секогаш и не сите ја имаме можноста да ги исправиме погрешните одлуки и избори, но тука, за среќа, таа можност заблеснува со целата совршена свет(л)ост што со себе ја носи и никогаш не може сосем во целост да се впрегне во зборови феноменот живот.

frosina parmakovska sakam knigata da zivee i da stigne do sto pogolem broj na citateli 3

Сите знаеме дека од пишување во Македонија не може да се живее и дека секој писател има друга примарна работа од која егзистира, но дали вашите соништа и желби јасно продираат во тоа да се втопите во европската и светската книжевна сцена и кои чекори се неопходни за да се придвижите спрема таа глобална издавачка индустрија?

Да, како што и самите велите, сите знаеме дека во Македонија не може да се живее од пишување. За жал, и јас и моите колеги, особено од оваа генерација, сме непосредна потврда за овој исказ.

Но, не би рекла дека е сѐ така црно во тој поглед затоа што има повеќе придобивки на добата во која ние живееме и кои што би требало сите ние да ги искористиме, а тоа се, секако, интернетот и брзиот развој на технологијата и глобализацијата на општеството, но од друга страна, огромно богатство ни се и нашите читатели кои во голема мера го вратија својот фокус кон домашните автори и тоа особено ме радува затоа што тие ни се своевидна појдовна точка, нашата најголема поддршка.

frosina parmakovska sakam knigata da zivee i da stigne do sto pogolem broj na citateli 1

Разговорот би го завршиле со она што следува во претстојните недели и месеци, каде Фросина Пармаковска ќе биде достапна за своите читатели и на какви проекти ќе биде фокусирана?

Околу претстојните недели, со нетрпение го чекам Саемот за книга и како читател и како писател – тоа е секогаш прекрасна можност за дружба со читателите, како и за збогатување на домашната библиотека.

Во врска со мојот професионален ангажман, му останувам верна и понатаму на романот како моја книжевна определба.

Рано ми е да речам дека пишувам нов роман, но можам да речам дека сега сум во онаа фаза кога честопати размислувам, погледот знае да се залута кон одредена точка, секако, не фокусирајќи се конкретно на неа, туку некаде зад, пред, низ неа, во некои други светови со некои не сосем јасни сенки од ликови... отприлика, на тој начин се родил секој мој роман досега.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Даниел Николовски, фризер и шминкер: „Елена Ристеска ми е како сестра, Наташа Беквалац е најзабавнат... „Наташа Беквалац, која со право важи за една од најубавите жени на Балканот, е и...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg