Запознајте го македонскиот јутубер-аниматор Nikola_Art_House и неговиот лик Психопатка

Во времето на YouTube револуција, постојано на површина испловуваат нови имиња, кои оставаат некаква трага, посебно кај помладата генерација. 

zapoznajte go makedonskiot animator nikola art house i negoviot lik psihopatka 6

Никола Димов (16), познат како Nikola_Art_House, чиј јутуб канал во моментот има над 12.000 следбеници можеби е еден од најкреативните јутубери кај нас, поради тоа што неговите видеа се анимирани и се пропратени со приказна.

„Никогаш официјално не си кажав сам на себе дека сакам да бидам јутубер“, открива Никола. „Сé се случи некако спонтано. Се занимавав некое време со анимација, и памтам дека имав лош ден поради јавниот скопски превоз. Кога се вратив дома од револт кон ЈСП направив видео! Видеото го ставив на Youtube, и за неколку дена беше видено од над 500 луѓе. Тогаш сфатив дека треба да правам повеќе анимации“.

Никола јутубот го гледа како место за рекреација, еден вид на хоби, но и работа. Од тоа можеби сé уште не заработува пари, но затоа има голема поддршка, насмеани лица на улица и фанови кои секојдневно се во исчекување на уште едно ново видео.

zapoznajte go makedonskiot animator nikola art house i negoviot lik psihopatka 5

„Еден ден со моите решивме да се прошетаме до Св. Јован Бигорски“, раскажува Никола за клучниот момент кога неговите родители сфатиле дека она што тој го работи не е залудно губење на време. „Таму имаше цела генерација деца од основното училиште Песталоци, најверојатно на екскурзија. Ме здогледаа неколку, и почнаа да доаѓаат. За кратко време се собраа повеќе од 30 деца сакајќи да се поздрават и да се сликаат со мене. Моите немаа поим дека сме толку влијателни кај публиката, и од тогаш се навикнаа на тие работи. Мислам дека на нив им е помило кога некој ќе се слика со мене, отколку на мене самиот“.

Никола вели дека од идеја, сценарио, анимација, па сé до монтажа работи сам. Затоа и објавува по две видеа месечно.

zapoznajte go makedonskiot animator nikola art house i negoviot lik psihopatka 3

„Секој јутубер има свој стил на креативност на видеата,“ го открива неговиот процес за правење на едно Youtube видео. „Да се дојде до едно видео од три минути навистина е макотрпна процедура. Најбитна е идејата и замислата! Ако не е добра идејата, во старт видеото е лошо.

Кога ќе го средам тоа, после оставам два-три дена за да напишам добро сценарио што би одговарало на темата. Кај мене во собата со микрофонот на биро се снимам како го читам тоа, и го монтирам гласот. Отпосле, според гласот се анимира. Е тука е најтешкиот дел! Тоа може да зафати и до месец, зависи од суштината. И кога сé е готово се монтира и се става на Youtube.

Никола е креаторот на ликот Психопатка, кој стана популарен кај младата генерација. Психопатка е карактер измислен во 2016 година, во една негова игра Глупи прашања. Иако е настаната како лоша шега, сепак луѓето многу ја засакаа. Неодамна заедно со Иван Ајнштајн посветија цела песна за неа.

https://www.youtube.com/watch?v=s7-L6s9Dz8A

„Снимањето на видеа за Youtube, јас го сфаќам како еден вид на одмор од секојдневниот живот. Добра релаксација, и можност да заборавиш на проблемите. Во мојот случај тоа го правам преку цртање, и ја обожувам секоја минута од тоа“, споделува Никола.

„Секое видео што го правам носи различна поента и се базирани врз лични искуства. И токму преку тоа сакам да ги научам децата да бидат позитивни, да бидат тоа што сакаат да сé, без разлика на туѓото мислење и предрасудите“.

zapoznajte go makedonskiot animator nikola art house i negoviot lik psihopatka 4

Кога станува збор за справување со фанови, Никола дофрла дека подобри фанови од неговите не постојат. Без разлика дали ќе го сретнат како оди на училиште, или ја шета Ванила, неговото куче, или воопшто на организираните Youtube средби, реакциите секогаш им се бесценети. Затоа толку им е и благодарен.

„Ќе дадам совети за идните јутубери, иако е клише, а тоа е да не им обрнуваш внимание на она што мислат другите. Ако стварно сакаш да снимаш за Youtube, снимај. Ако сакаш да црташ, цртај. Ако сакаш да програмираш, програмирај! Биди упорен и секако труди се да бидеш подобар со секое наредно видео. И најбитното, не се откажувај“, советува Никола, кој наредниот период планира да ја објави Глупи Прашања 2, редовно да подготвува видеа и секој ден да анимира. 

zapoznajte go makedonskiot animator nikola art house i negoviot lik psihopatka 2

Автор: Евгениј Хоуп |Црнобело

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена ... „Кога се разбудив по царскиот рез, ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg