Концертни фотографии на Стефан Самандов или комбинација на енергија, движење и емоции

Стефан Самандов (21), студент на Филолошки факултет – Шпански јазик и книжевност е ентузијаст, љубител на природата и фотографијата. Во слободно време вози велосипед, обработува фотографии и гледа документарци во врска со фотографијата. 

koncertni fotografii na stefan samandov ili kombinacija na energija dvizenje i emocii 1

„За прв пат со дигитална фотографија се запознав пред четири години, кога од моите родители го добив првиот DSLR-апарат, па решив да го искористам на паметен начин.

Како и секој почетник, фотографирав сѐ и сешто, но со текот на времето почнав да го користам за доловување на моменти на некои од журките на кои присуствував“, раскажува Стефан.

Најголем пресврт му се случило кога на еден концерт се запознал со фотографот Стефан Рајхл, кој според него е најдобриот концертен фотограф, од кој има научено многу во врска со концертната фотографија и општо за фотографијата. По неколку заеднички концерти поминати со Стефан Рајхл, веќе се нашол на големата сцена како фотограф на многу фестивали и концерти. 

„Со тек на времето целосно се фокусиран на фотографирање концерти, но и портрети на луѓе. Тоа што најмногу ме привлекува додека фотографирам концерти е самата енергија на изведувачите, нивните движења и емоциите кои ги споделуваат со публиката“, открива Стефан. „Додека пак кај портретите најмногу ме фасцинира изразот на лицата додека ги фотографирам. Од секој израз може да се научи многу за самата личност што стои пред објективот“. 

Стефан вели дека за еден портрет да излезе добро, дефинитивно најважна е креативноста и односот помеѓу фотографот и субјектот. Тој, секогаш се труди да зборува што е можно повеќе со личноста што ја фотографира за да ја релаксира и да ја мотивира да излезе од својата комфор зона. Додава дека голема улога игра и светлото што се користи во зависност од тоа дали се фотографира во студио или на отворено.

Нему, како фотограф, најмногу впечаток му оставил концертот на Kreator и концертот на At the Gates во Скопје, кои направиле предобра атмосфера. Во моментот, со нетрпение го чека претстојниот концерт на Powerwolf во Будимпешта и концертот на Андре Риу со својот 60-член Јохан Штраус оркестар.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Пепика од Гевгелија рачно прави лампиони и свеќи: „Работилницата на крајот од денот изгледа како мал... „Првиот лампион што го направив беше создаден во домашни услови, со неколку едно...
Стефан Ашковски за CRNOBELO по голготата во Иран: „Не ме пуштаа да излезам од земјата, немав контакт... „Баравме решение, но не најдовме некој да ме одведе до турска граница. И то...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава