Искуството на Марија Стамболиќ од Азија: „На Бали нема јавен превоз, спиењето во капсули во Сингапур е незаборавно“

По занимање е машински инженер, а хоби ѝ е фотографирање, Марија Стамболиќ од Скопје сака да патува и истражува нови места. 

FotoJetwd

Далечниот Исток отсекогаш ѝ претставувал примамлива дестинација што сака да ја посети.

Неодамна се врати токму од таму со убедување дека Азија е поубава од веќе видената Европа.

„Бали, егзотичниот и мистичен остров се наоѓа на многу bucket list-и на патувачи од целиот свет. Разновидната природа која вклучува тропски плажи, вулкани, водопади, џунгли и оризови полиња беше причината поради која се одлучивме токму овој остров да биде нашата дестинација за одмор. По консултации со пријатели, Малезија и Сингапур испаднаа непланирано“, се присетува Марија Стамболиќ.

Како и поголемиот број на патувања, така и ова патување во Југоисточна Азија било во нивен сопствен аранжман, 18 дена на другата страна на светот, Марија го сфатила сериозно и на тоа претходело детално истражување.

„Планирањето кои места вредат да се посетат, влезници и цени, каде да се преспие, список на лекови, контактирање на шофер и тури на Бали, трансфери од аеродроми, наоѓање на апликации за превоз, храна и попусти, ни заштеди на време и пари.

Единствено нешто што ми претставуваше грижа беше дали ќе има премногу туристи и гужви на туристичките локации бидејќи претходно имав прочитано декае се чека со саати за фотосесии“, раскажува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Marija StamboliЌ (@marijastam)

Нивната прва станица бил Убуд – спиритуалниот центар на Бали, каде имале можност директно да се запознаат со нивните обичаи.

Претходно не била доволно информирана за хиндуизмот и пријатно се изненадила од начинот на животот во заедницата и нивната култура.

„Вообичаено е повеќе фамилии да живеат заедно скромно во слога и хармонија. Сето тоа мене ми изгледаше чудно. Поголемиот дел од населението се занимава со туризам и поради тоа тие се гостопримливи.

Уште првиот ден во дворот забележав чудни украси на земја. Тогаш домаќинот ми пријде и ми кажа дека тоа се дарови за Боговите. На тој начин тие им се заблагодаруваат за храната и ја одржуваат рамнотежата помеѓу доброто и злото, животот и смртта.

Освен градските храмови, секоја куќа имаше посебен храм каде што мештаните секојдневно изведуваа церемонии. Ни кажаа дека куќата не смее да биде повисока од храмот“, раскажува Марија Стамболиќ, а им било потребно неколку дена за да се навикнат на влажната клима и храна базирана на зеленчук и ориз.

Првиот ден низ улиците во Убуд забележале жени упатени кон храмот, носејќи корпи на главите. Тие биле облечени во чипкаста кошула, фатена со колан и тесни здолништа до колена.

Марија веднаш ја извадила камерата и почнала да ги фотографира, мислејќи дека се случува некој важен обред, за следниот ден да сфати дека тоа е дел од нивното секојдневие.

„Секој ден жените подготвуваат дарови за Боговите, во 6, 12 и 18 часот. После неколку дена сè ни изгледаше нормално. За да ја одржат спиритуалната хармонија, тие секој ден изведуваат мали церемонии дома, додека пак поголемите церемонии се изведуваат во големите градски храмови.“ - додава Марија.

„На пример 6 дена пред празникот Галунган (кој се случува на секои 210 дена), жителите ги украсуваат своите куќи и улици со карактеристични високи украси направени од бамбус. На Галунган денот тие се палат и остатоците се закопуваат со цел да донесат плодност и просперитет. Целиот остров беше во чад. 

Во Сигнапур сретнавме луѓе од целиот свет. Иако најголемиот дел од жителите се Кинези, на моменти се чувствував како да сум во Европа. Тој е еден од најубавите градови што ги имам посетено. Самиот град е културен шок бидејќи е дом на странци од целиот свет. Но и покрај хаосот, тој е дефинитивно најорганизираниот и најуредениот град во свет“, продолжува таа.

Таа вели дека на Бали нема јавен превоз и единствен начин за разгледување на островот и претставувало да најмат приватен шофер. Поради тоа имале можност да видат голем дел од островот. Посетиле многу храмови кои се наоѓаме наоѓале на планина, вода, на карпи и секој од нив носел различна историја и верувања.

„Ги посетивме Тагелаланг оризовите плантажи и се лулавме на фамозната лулашка. Посетивме неколку водопади, уживавме на тропските плажи во Нуса Дуа и присуствуваме на познатиот традиционален Kecek танц.

Во Куала Лумпур, освен знаменитостите и џамиите во градот, ја посетивме и Batu пештерата којашто беше Хинду.

Во Сингапур присутвувавме на светлосното шоу на Марината и посетивме неколку музеи кои се наоѓаа на самата Marina Bay“, се присетува Марија, ова патување ѝ е прво од ваков тип и секој момент ѝ бил незаборавен.

На Бали имале можност да пробаат Luwak кафе коешто се произведува од изметот на животното Civet и кое воедно е најскапото кафе на светот. За чудо било вкусно за разлика од класичното кафе на Бали кое било кисело.

„Bali Swing лулашката е искуство кое не смее да се пропушти. Друго интересно искуство, може не толку интересно, но ќе го паметам цел живот, е чекањето во ред цели 3 саати за слика пред Lempuyang портата.“

Го посетивме и островот Нуса Пенида, кој спаѓа под Бали. Тој е див остров, каде што поголемиот дел не е асфалтиран. Поради тоа возењето не беше воопшто пријатно. За да се стигне до овој остров треба да се фати брод од Бали.

Но, бидејќи немаше пристаниште, моравме да влеземе до половината во вода за да се качиме на бродот. На враќање имаше огромни бранови и ветер и бродот едвај не се преврти. Интересна беше глетката на туристи со куфери кои ги држеа високо во океанот.

Спиењето во капсули во Сингапур беше исто така незаборавно искуство. Пиењето на коктелот Сингапур Слинг на 72-ри кат е поглед кој засекогаш ќе ми остане врежан во меморијата.

Лутањето без мапа низ дождовната шума во центарот на Куала Лумпур беше незаборавен момент бидејќи џунглата се наоѓа во самиот центар на градот обиколена со висококатници кои наѕираа на секој чекор“, открива Марија.

Најтешко ѝ било кога го напуштиле Убуд. Таму престојувале една недела. Спиритуалниот дух се чувствувал насекаде низ малите улички, заедно со магичната атмосфера што никаде претходно ја немала доживеано.

Ѝ недостигаат палачинки од банана за појадок. Единствено што не ѝ недостасува од целото патување е влагата. Во Куала Лумпур и Сингапур влажноста била на многу високо ниво и им го отежнувало разгледувањето на градовите.

„Бали е дом на илјадници туристи. Поради ниските цени многумина фриленсери се решаваат да се преселат на Бали. Покрај тоа, климата е идеална од мин. 20 до макс. 30 степени“, раскажува Марија и додава дека дефинитивно би живеела таму на одреден период. Исто така, би живеела и во Сингапур бидејќи градот нуди квалитетен и безбеден живот.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg