Аце Дејановски е страстен колекционер на автомобилчиња - има 1.500 различни модели

Аце Дејановски – Ѓуро е колекционер на „автичики“, како што велат во Куманово, а неговата колекција брои над 1.500 модели. 

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 2

Веќе 10 години е во брак со сопругата Ивана и е татко на две деца: синот Умек и ќерката Ина. Уште како дете имал колекционерска страст, прво собирал сликички од мастиките Турбо, а после и списанијата CKM.

Колекционер на колички станал од пред шест-седум години, откако сестра му од Холандија на син му му донела пакетче со 5 колички. Така и започнал да го остварува она што го сакал уште како дете и денес заедно со син му се колекционери 1/64 размер–мали колички или 64 единици помало од вистинскиот модел.

„Автомобилчињата претежно ги набавуваме од поголемите маркети и продавници за играчки. Цените се движат во зависност од производителот (Hot Wheels, Matchbox, Maisto, M2, Green Light, Tomica…) и реткоста на моделот, годината кога е произведено“, раскажува Аце.

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 4

Некои модели ги има купено од соседните држави, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, а колички има набавено и од Америка, Нов Зеланд, Австралија, Индонезија и други држави од светот.

„Мојата колекција во моментот брои 1.500 колички. Порано бројката беше поголема, но со размена и меѓусебно подарување се намали. Сега во април требаше да организираме собир на колекционери, но поради настанатата ситуација со коронавирусот го одложивме“, споделува Аце и додава дека во Македонија има доста колекционери, а голем дел од нив можат да се најдат на Фејсбук групата MAKEDONSKI Diecast Kolekcioneri

Во групата се дружат, си помагаат околу наоѓање на модели и нивен транспорт од други држави.

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 6

Нашите македонски колекционери најдобра соработка имаат со Србија и Хрватска. Тие барем еднаш месечно имаат собир, а освен тоа имаат и групи за продажба на колички од сите размери. Аце најчесто соработува со Слободан Вуковиќ, Ненад Барац, Владимир Тадиќ, Јован Лаушиевиќ, Матео Мимица и многу други.

„Собирам секаков вид на колички, но голем обожавател сум на јапонските колички како што се Nissan, Datsun, Mazda, Toyota, Honda, а собирам и модели од филмот Fast and Furious. Една од омилените колички ми е Nissan Skyline GT-R R34 (1999), возило на Пол Вокер од 2 Fast 2 Furious“, се надополнува колекционерот од Куманово.

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 5

Аце со нас сподели и една интересна случка. Неговиот другар Јовица Ѓелевиќ – Шкаљо го имал автомобилчето Toyota 2000 GT, иако Аце упорно му го барал да му го купи или да направат размена, тој никако не прифаќал.

На ден на неговата слава Петковден, Јовица дошол на гости со ќеса полна со кафе, колачи, ракија и спакуван модел од количето што Аце долго време го посакувал.

FotoJetda

Тој вели дека недела му е ден за чистење и класифицирање на колекцијата. Заедно со неговиот син ги бришат полиците, секое автомобилче посебно го чистат, а оние модели што не им се изложени на полица, секое посебно го ставаат во ќесе и го складираат на своето место.

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

ace dejanovski kolekcioner na avtomobilcinja 1500 razlicni modeli a sobira i modeli od filmot fast and furious 3

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...
Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умо... „Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав д...
Перица Илиевски, страстен читател и колекционер на книги: „Мојата библиотека има 304 книги, купување...  Перица Илиевски (20) од Свети Николе е студент на факултет за информатика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg