Талентирана Македонка слика прекрасни уметнички дела (фото)

Душица Димитрова вели дека првата четка си ја купила во Шангај... Некое од нејзините дела сигурно ќе посакате да се најде во вашата соба.

talentirana-makedonka-slika-prekrasni-umetnichki-dela-foto-01.jpg

Душица Димитрова од Гевгелија е една од оние девојки чиј Инстаграм профил не дава лажна слика за начинот на живот, туку дава реална слика на еден вистински талент.

Оваа девојка креира прекрасни уметнички дела и вели дека полесно ѝ е да ја наслика љубовта кон сликањето, отколку да ја опише.

talentirana-makedonka-slika-prekrasni-umetnichki-dela-foto-02.jpg

За својата љубов кон уметноста и за тоа од каде пронаоѓа инспирација таа за CRNOBELO.com вели:

„Самото постоење е инспирација за мене. Оттаму извира себе-сликањето низ убавината на боите и давањето форма на бесформното, безвременото, беспросторното.

Првата четка за сликање ја избрав во 2015 година во една мала уличка во Шангај, додека го спремав дипломскиот труд по економска лингвистика. Низ љубовта што се роди врз првото бело платно, го почувствував „Малиот принц“ во себе, кој трагајќи по други планети, откри цел универзум во себе.

Секој во нас е уметник, сите сме креатори на својот универзум, а сега, и покрај случувањата во светот, ги охрабрувам сите да погледнат во себе, и да (се) живееме љубовно низ секој здив,  низ секое трепнување. Секогаш е вистинското време за создавање.“

Дел од прекрасните дела на оваа талентирана девојка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...

Најчитани неделава