Стефанија Гаштарска, прва македонска балерина во Бољшој: „Болката е заштитен знак на балетот“

„Посакувам да станам првенка во мојот театар од соништата: Бољшој Театарот“, вели Стефанија Гаштарска и ни пренесува како изгледа животот на една балерина во Москва, каде цената на влезница за билетска претстава може да чини и до вртоглави 20.000 рубли (16.000 денари).

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-01.jpg

Млада, полетна и неверојатно талентирана... Балерината Стефанија Гаштарска ја направи горда Македонија кога на само 18 години стана првата македонска балерина дел од престижниот руски театар „Бољшој“.

Со неа проговоривме за професијата балерина, сите предности, мани, како и животот во Русија.

Што значи да се биде балерина? Колку жртви бара оваа професија?

Да се биде балерина е привилегија. Сон на многу девојчиња, но реалност само на најпосветените, издржливите и амбициозните. Да се биде балерина е начин на живот и луксуз кој не може секој да си го дозволи.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-03.jpg

Какво е чувството да се биде на сцената на театарот „Бољшој“?

Величествено. Погледот кон таа грандиозна сала го прави моментот уште помагичен и возвишен. Да се застане на сцената на овој театар на повеќето им останува само сон, а јас ја имав таа среќа да ја почувствувам таа магија, на мои 16 години.

Во тие моменти не чувствував ни трема, ни страв, само одговорност, гордост и возбуда.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-04.jpg

Дали те болат стапалата и мускулите?

Болката е заштитен знак на оваа професија, но со време се навикнуваш и учиш да живееш со неа. Без болка нема балет.

Какви тренинзи имаш секојдневно?

Редовни вежби за загревање, гимнастика, растегнувања, пируети, часови и многу проби.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-08.jpg

Колку време живееш во Русија и каков е животот таму?

Во Русија живеам 4 години. Москва едноставно мириса на култура и традиција. Град во кој се чувствувам како дома.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-10.jpg

Скап ли е животот во Русија? Колку е просечна цена на кафе, пица?

Цената на една мала пица е од прилика 600 денари, а кафе Лате 150. Со оглед на тоа дека стандардот во Русија е многу поголем од нашиот, за нив веројатно не е скап.

Но, секако факт е дека Москва е еден од најскапите градови, а со оглед на грандиозноста која ја поседува и условите кои ги нуди посебно во културата, и треба да е така.

Јас би ја потенцирала разликата во цените на билетите за посета на претставите: еден билет чини од 1.000 рубли (800 денари) до 20.000 рубли (16.000). Што за разлика од кај нас е многу многу повеќе, а и салоните се многу многу пополни.

Буквално неколку месеци пред претставата, картите се распродадени и се бара карта плус.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-06.jpg

Костимите на балерините се симбол за елеганција и раскош, како се чувствуваш во нив?

Раскошно како вистинска принцеза.

Дали добро се заработува од балетот?

Во светот да. Секој врвен уметник е и врвно платен.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше со Ксенија Николова: „Лав сум во хороскоп, a подзнакот Девица е виновник за мојата органи... „Мојот знак е Лав и во многу мои димензии го препознавам. Љубовно низ животот на...
Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште о... „Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македо...
Браво за нашите млади таленти! Стефани од Гостивар, која црта со кафе, вино и низа техники, ќе ја им... „За портретите многу се важни контурите, сенките и целокупната изработка, а, пак...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Бока Конга за CRNOBELO: „Прстите болат по настап, ама тоа е знак дека си дал сè од себе - имало и по... „Балканот го освоивме, а веќе сме закажани и низ Европа - Австрија, Швајцарија, ...

Најчитани неделава