Никола од Битола има 6.000 кутии од цигари од 120 земји: „Ги чувам во соба, најзначајни ми се тие од Југославија“

Никола Ивановски е 32-годишен битолчанец, кој е колекционер на кутии од цигари – досега има 6.000 од 120 земји низ светот, најстарата е од 1921 од Палестина, а за CRNOBELO.com открива интересни детали за неговата пасија.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-01 (1).jpg

Многумина можеби не се ни свесни дека колекционер може да стане буквално секој и може да собира што и да сака и му причинува задоволство, а ние имавме можност досега да разговараме со колекционер на шишенца од парфеми и колекционерка на Барбики.

Во серијата колекционери, го додаваме и Никола од Битола, кој е сериозен колекционер на кутии од цигари (повеќето празни), досега има 6.000 во неговата колекција, има направено околу 200 размени на светско ниво, а од 2014-та е член на Колекционерскиот клуб за кутии од цигари на Аргентина.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-02.jpg

За тоа како го започнал хобито, како ги собира и чува кутиите цигари, од кога датираат и од кои земји, Никола открива за CRNOBELO.com…

Како започна твоето хоби? Кога ја зачува првата кутија и како одлучи дека ќе продолжиш да собираш други кутии?

Моето хоби започна пред 20-тина години кога една другарка сосема случајно имаше кутија Winfild од роднини од Австралија.

Мене кутијата ми се виде интересна и ја зедов, си реков дека има доста интересни кутии од цигари, зошто да не ги собирам (тогаш како да беше во мода и многу деца собираа кутии од цигари и после правеа роботи од нив).

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-05.jpg

Колку кутии брои твојата колекција и каде ги чуваш кутиите од цигари? Колку е тешко нивното одржување?

Мојата колекција брои околу 6.000 кутии кои ги чувам во една соба. Цели ѕидови се со кутии од цигари (Camel), имам посебна сталажа каде што ги редам останатите брендови.

Одржувањето е навистина тешко, гледам да немаат прашина и да не ги фаќа сонце, бидејќи така ја губат оригиналната боја.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-06.jpg

Која кутија е најстара во твојата колекција и од кога датира?

Најстарата кутија ми е Otoman од Палестина од 1921 година. Имам над 100 видови од Југославија ( во последно време сè повеќе се интересирам за нив).

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija02.jpg

Од колку и од кои земји поседуваш кутии во колекцијата? Кои се за тебе најзначајни и зошто? Имаш ли некоја интересна приказна зад некои од кутиите?

Имам кутии од над 120 земји во светот. Најзначајни ми се кутиите од Југославија и Camel, кои ги имам околу 1600 различни. Има интересни земји од кои имам кутии, посебно тешки се за наоѓање афричките земји.

Имам од Гамбија, Намибија, Сенегал, Либан, Капо Верде (Зелен ’Рт), Бангладеш, Узбекистан, Камбоџа, цела Јужна и Северна Америка, цела Европа и некои провинции или самопрогласени републики, пример Новорусија.

Секоја кутија има посебно место во мојата колекција, точно знам од кај ми е, дали некој ми ја дал или со колекционер сум направил размена итн.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-09.jpg

Како реагираат луѓето околу тебе на твоето колекционерство?

Кога ќе ја видат мојата колекција се стварно воодушевени, на многу не им се верува дека сè уште собирам и другарите и пријателите кои знаат дека собирам знаат да ме изненадат со некоја кутија од различни дестинации каде што патуваат.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-05.jpg

Дали некогаш си инспирирал некого на колекционерство?

Нажалост не, во Македонија не познавам некој што го има ова хоби. На Балканот има само неколку (1 Хрватска, 1 во Босна, 1 Србија).

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija03.jpg

Дали некој посакал да ти ја „купи“ колекцијата? Може ли да се процени колку би вредела доколку одлучиш да ја продадеш?

Како цела колекција сум немал понуди, но одредени кутии посакале да ми ги купат, не можам да проценам колку вреди целата колекција бидејќи имам кутии во размак од 100 години. Колку постари и поретки, толку цената е повисока.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-07.jpg

Кажи ни нешто повеќе за твоето колекционерство на светско ниво, членството во колекционерски клубови и односот со други колекционери...

На светско ниво од 2014 година сум член на CPCCA (Cigarette Pack Collectors Club of Argentina). Во 2013 почнав да се разменувам со колекционери од различни делови на светот, досега имам реализирано преку 200 размени.

Јас сум помеѓу првите 50 колекционери на Camel, имам околу 1600 различни кутии.

Ние колекционерите секојдневно комуницираме и „резревираме“ кутии за следните размени. Ако некоја кутија е тешко да се најди или е од специфична земја, се нудат повеќе кутии (имам испраќано 10 празни кутии за една Camel).

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-10.jpg

Дали некогаш си помислил дека е „доста“, дали имаш граница до која би собирал или засекогаш ќе остане твое хоби?

Имаше еден период кога направив голема пауза, но после тоа некако уште пожестоко се впуштив во нови размени. Не верувам дека ќе престанам некогаш да собирам.

Во моментов приоритет ми се различни кутии од Camel и од Југославија. Просторот си го прави своето, навистина треба многу место, но сигурен сум дека ќе најдам начин и во иднина да можам ги собирам.

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija-08.jpg

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija10.jpg

nikola-od-bitola-ima-6-000-kutii-od-cigari-od-120-zemji-gi-chuvam-vo-soba-najznachajni-mi-se-tie-od-jugoslavija04.jpg

Напомена: Со оваа статија го прикажуваме колекционерството како хоби од реалноста, во случајот, собирање кутии од цигари, а како редакција потсетуваме дека пушењето цигари е штетно и не поттикнуваме пушење цигари.

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело / фото: Фејсбук архива на Никола

Би можело да ве интересира:

Давор Арсовски: „Чувам був, Буба може да нанесе сериозни повреди и мора внимателно со неа“ „Веќе 5 месеци како миленик го чувам бувот Буба. Буба ја купив од...
Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“ „Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи&nbs...
Агнеса Органџиева: „Чуваме кралски питон, еднаш ни исчезна дома и 2 недели не ни доаѓаа гости од стр... „Змијата ја храниме со специјални стаорци што се исклучиво само за рептили и тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg