Сара Пановска (18) од Штип создава ремек-дела со молив и хартија: „Талентот за цртање го наследив од татко ми“

Сара Пановска од Штип има само 18 години и во голема мера се разликува од поголемиот број нејзини врсници. Таа во целост е посветена на уметноста. Прва љубов ѝ е виолината, а дополнително изработува и портрети и карикатури.

sara-panovska-18-od-shtip-sozdava-remek-dela-so-moliv-i-hartija-talentot-za-crtanje-go-naslediv-od-tatko-mi-01.jpg

Портретите на Сара Пановска пленуваат со чистината во изразот, големиот број детали и секако со фотографската сличност со ликовите што ги црта. Со молив на хартија оваа девојка од Штип креира фотографски реплики на луѓето што ги црта, а досега направила и голем број портрети на домашните и странски ѕвезди.

sara-panovska-pravi-remek-dela-so-moliv-i-hartija-sakam-da-go-dolovam-karakterot-na-likot-preku-ochite-02.jpg

Нејзина најголема и прва љубов е музиката. Таа свири виолина, а во разговор за CRNOBELO.com открива дека токму дисциплината што ја стекнала како виолинист била пресудна за развојот на нејзиниот талент со цртањето и воопшто за уметноста.

„За успех во уметноста потребно е 90 отсто работа, а само 10 отсто талент“ – вели таа.

На прашањето колку часа дневно се потребни за усовршување на вештините за свирење на виолината таа вели:

„Мојата љубов кон уметноста започна кога имав само осум години и тогаш сфатив дека уметноста е нешто за што е потребна секојдневна работа исполнета со љубов и креативност за да се постигнат резултати на еден оформен, зрел виолинист. Затоа сметам дека за еден успешен виолинист е потребно од 5 до 10 часа дневна посветеност“ – вели таа.

sara-panovska-pravi-remek-dela-so-moliv-i-hartija-sakam-da-go-dolovam-karakterot-na-likot-preku-ochite-04.jpg

Сара е вистински пример дека уметностите не се исклучуваат, туку дека напротив, се надополнуваат. Таа раскажува дека музиката била главен фактор за да се пронајде и во ликовната уметност и да добие желба да се надградува како уметник.

„Сфатив дека само со љубов, посветеност и трпение можеш да ја развиваш уметноста во самиот себе. Јас сфатив дека уметноста е мојата пасија со запознавањето на музиката, па затоа уште во основно училиште учествував на сите креативни настани кои беа организирани и сфатив дека ликовната уметност ме привлекува исто како и музиката“ – вели Сара.

Ако ги погледнете портретите и карикатурите на Сара на нејзините профили на социјалните мрежи, ќе забележите дека таа секогаш работи со молив на хартија.

Она што посебно воодушевува е фактот што со користењето на еден мошне едноставен метод, таа креира ремек дела, преку посветеноста на деталите и живиот израз. На прашањето дали користи други техники на цртање таа ќе каже:

„Молив техниката секогаш ми била најпривлечна и мислам дека во неа најмногу можам да се пронајдам … Сакам да работам на детали, портрети, да го достигнам врвот на портретот кој за мене е да го доловам карактерот на ликот преку очите“.

Сара, е доста присутна на социјалните мрежи, досега изработила портрети на повеќе познати личности од Македонија. Лозано, Тамара, Калиопи, се само дел од нив. Освен тоа, изработува и портрети и карикатури по нарачка, како за луѓе од земјава, така и за луѓе од странство.

Но, не застанува тука. Во иднина ќе го продолжи образованието и веќе знае со што сака да се занимава.

Кога станува збор за нејзината идна професија Сара, која годинава е матурантка, веќе избрала на кое поле сака да се надoградува, а секако, ниту во иднина нема намера да ја напушти уметноста.

„Уметноста секогаш ќе биде вклучена во мојата професија, бидејќи тоа сум јас… Затоа музичката и ликовната уметност ќе ми бидат база за вреднување на креативност и уникатност, со оваа основа мојата креативност ќе ја пренасочам кон нешто ново, дизајн на ентериер и мебел, каде уметноста ќе остане, а своите креативни вештини ќе ги пренасочам во топли домови.

Во однос на тоа како реагираат најблиските и околината за тоа што решила во целост да се посвети на уметноста, Сара вели дека нејзините најблиски секогаш ѝ се инспирација и мотивација за напредок. Талентот го наследила од нејзиниот татко, кој во младоста цртал стрипови.

sara-panovska-18-od-shtip-sviram-violina-5-10-chasa-na-den-a-talentot-za-crtanje-go-naslediv-od-tatko-mi-.jpeg

Како што вели, често изработува портрети за членовите на нејзиното семејство, затоа што, според неа парчето персонализирана уметност е нешто највредно и најискрено што еден уметник може да го подари на своите најблиски.

Но, кога станува збор за пријателите и врсниците, тоа е веќе друга работа.

Имајќи предвид дека поминува од 5 до 10 часа во вежбање на виолина, 3 до 4 часа во цртање портрети за нарачки, многу малку време ѝ останува за дружење со нив. Самата признава дека честопати нејзините другарки не ја разбираат дека помеѓу обврските со класичните концерти и цртањето не ѝ преостанува премногу време за забава и дружење.

Но, дека упорноста и постојаната работа се исплати доказ се и успесите што таа ги постигнува. Минатата година Сара го доби второто место на „Калиопи фан натпреварот“, вели дека со душа чека да ја запознае во живо, кога нашата позната пејачка ќе има настап во Штип, а секако, тогаш и ќе ѝ го подари портретот што веќе го изработила.

На прашањето која позната личност ѝ е најголема инспирација, на која би сакала да ѝ направи портрет Сара повторно изненадува:

„Јас досега имам изработено повеќе портрети на познати личности од регионот и сум имала доста позитивни реакции лично од нив, сега следна голема желба ми е да изработам портрет на Ејми Вајнхаус. Со оглед на тоа што сврзува џез и поп-музика заедно, таа ми е конкретен пример за тоа како уникатноста може да те доведе до врвот“.

Погледнете дел од портретите и цртежите на Сара:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg