Цеце Николова (24): „Алопецијата ми помогна да изградам самодоверба, а растењето без родителска грижа ме зајакна“

Колку околината во Македонија ги прифаќа различностите? Се соочуваш ли со љубопитни погледи кога шеташ без перика?

Апсолутно тешко прифаќаме. Кој што сака нека каже - тешки сме во прифаќање различности. Тоа е и главната причина зошто уште носам перика, а тоа да не се некои мои приватни забави или одмори надвор од земјава.

Зошто мора двапати да се завртиме да погледнеме некој на улица, само затоа што немаме некој таков 'сличен' во нашето опкружување? Мислам, јас секако дека ќе ја тргнам периката засекогаш, ама уште пробувам да си најдам одговор на ова прашање во мојата глава и да ги разберам сите кои не можат да нè разберат нас 'различните'.

cece-nikolova-24-alopecijata-mi-pomogna-da-izgradam-samodoverba-a-rastenjeto-bez-roditelska-grizha-me-zajakna-05.jpg

Како реагираат партнерите?

Досега во животот не сум имала проблем со некој партнер поради мојата здравствена состојба. Секогаш сум била сакана таква каква што сум.

Чувствуваш ли ослободување откако јавно проговори за состојбата?

Огромно. Дури на социјалените мрежи често објавувам фотографии без перика, а има и такви со перика.

Сега откако 'сите дознаа' за ова, полесно ми е да покажам како навистина ми изгледа животот. Час со перика, час без.

cece-nikolova-24-alopecijata-mi-pomogna-da-izgradam-samodoverba-a-rastenjeto-bez-roditelska-grizha-me-zajakna-09.jpg

Постојат ли луѓе кои даваат разни претпоставки во врска со твојата здравствена состојба? Како реагираш?

Имав една ситуација во средно која цел живот ќе ја паметам. Со месеци не посетував настава поради друг здравствен проблем.

Еден ден кога повторно се вратив во училиште, некако сите беа премногу внимателни со мене, одеднаш немав 'непријатели', сите ме сака... Ептен необично!

Цел ден некако чудно се чувствував, си велев не е можно толку многу да сум им недостасувала на сите ученици и од другите класови, кога до пред два месеци не знаеја дека постојам. Сè додека една соученичка не ми кажа дека целото училиште 'ЗНАЕ дека имам рак'.

Знае? Мнооогу непријатно и страшно искуство, но за среќа, рак немав, па не мораше толку сите да ме сакаат.

cece-nikolova-24-alopecijata-mi-pomogna-da-izgradam-samodoverba-a-rastenjeto-bez-roditelska-grizha-me-zajakna-04.jpg

Ти се допаѓа ли фактот што стана пример за многу девојки да се прифатат себеси такви какви што се, со сите мали „несовршености“ на себе?

Па, не знам дали станав пример за многу девојки...? Се радувам ако е така. Но, да, сакам да им покажам на сите дека треба да се прифатат такви какви што се, бидејќи секое 'криење' еден ден излегува на површина.

Не само што ќе бидат несреќни со себе, туку ќе бараат лажна среќа во сите други околу нив.

Од дете без родителска грижа во СОС Детско село до претседател на Здружението за млади без родители ЗА ТЕБЕ - 4U, како изгледаше твојот пат?

Пораснав како дете без родителска грижа. Од 7 години за мене се грижеше згрижувачката Наташа, мајка си ја викам.

Откако излегов од грижа од оваа установа, сфатив дека на младите во социјален ризик, сите оние кои растеле без родители и родителска грижа, потребна им е помош и поддршка за да си ги исполнат сите свои соништа, цели и планови во животот. Тие се оставени сами на себе, без поддршка, без рамо за плачење... Оттаму потекнува идејата за формирање на првото Здружение од ваков тип во земјава - ЗА ТЕБЕ, 4U.

cece-nikolova-24-alopecijata-mi-pomogna-da-izgradam-samodoverba-a-rastenjeto-bez-roditelska-grizha-me-zajakna-02.jpg

На сите кои се соочуваат со алопеција би им порачала...

Гола глава не е нешто безобразно, безобразни се сите кои се осмелуваат да прашаат зошто сме поинакви.

На сите кои се плашат од што било во животот и стравот ги кочи, би им порачала...

Пронајдете се себеси во овој суров свет. Потоа, многу лесно ќе се прифатите такви какви што сте и ќе бидете среќни, спокојни и најважно - свои.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгле...  „Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со ист...
Билјана Симовска, психолог: „Македонките се срамат да побараат стручна помош, a постпородилната депр... „Постпородилната депресија се карактеризира со интензивно чувство на тага, беспо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg