Јулијана Тодорова: „Чувам змија 4 години, ја хранам со глувци – не е отровна“

Опасна ли е змијата?

Змијата е пченкарна, не е отровна и досега нема каснато никого, а ја чуваме веќе 4 години.

Со што се храни змијата? Пие ли вода?

Змијата се храни со глувци и пие вода и секогаш има сад со редовно променета питка вода.

Сте имале ли некој немил настан со змијата?

Досега не сме имале немил настан затоа што сме многу претпазливи и премногу се грижиме за нив.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-05.jpg

Сака ли галење? Кој член од семејството ѝ посветува најмногу внимание?

Има денови кога е нервозна и тоа се чувствува, а има денови кога сака да се умотува околу нас и да се гали на некој начин.

Сите тројца подеднакво се грижиме за сите миленичиња и се договараме којшто му е задолжение, како за набавка на храната. така и за самото хранење, за одржување на хигиената и контрола на температурата.

Како избравте кој тип на гуштер ќе го чувате? Зошто токму тој вид?

Тоа беше избор на мојот син по долги истражувања и едукација околу нивното чување. Инаку видот на гуштерот е Леопард Геко.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-07.jpg

Какво е неговото живеалиште, со што го храните и какви навики има?

Гуштерот живее во посебен терариум со црвен пустински песок, на половина од терариумот температурата треба да е 35 степени, има неколку засолништа, еден импровизиран базен и сад за пиење вода.

Тој не е многу подвижен, се храни со одреден тип на инсекти и не испушта никакви звуци.

Како реагираат змијата и гуштерот еден на друг? Ги ставате ли некогаш заедно?

Многу ретко ги ставаме заедно, единствено кога правиме семејни фотографии.

Сте ги оставиле ли повеќе денови сами?

Најчесто не ги оставаме повеќе од три дена сами бидејќи треба да се хранат, но секогаш имаме некој подалечен член од семејството кој се грижи за нив кога не сме дома.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-06.jpg

Змијата како домашен миленик ви се допаѓа затоа што...

Е навистина егзотична и специфична.

Гуштерот како домашен миленик ви се допаѓа затоа што…

Исто како и змијата, тоа што се поразлични и несекојдневни.

Што би им препорачале ли на вљубениците во змии и гуштери, дали се соодветни за домашни миленици?

Јас како љубител на егзотични миленици би им препорачала на сите да одберат тип на миленик за кој се сигурни дека имаат соодветни услови за чување и дека можат да им ја пружат потребната грижа и љубов, и секако секогаш да имаат резерви на храна бидејќи е тешко достапна.

Како изгледале змијата и гуштерот кога биле малечки:

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-01.jpg

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стојан од Охрид, жртва на семејно насилство: „Татко ми беше алкохоличар, мајка ми ме тепаше, немавме... „На татко ми пијанството му стана секојдневие, а со тоа дојдоа и караниците, нав...
Лиде Стојановска за родниот град: „Како деца во Кратово им се восхитувавме на светулките, беревме шу... „Покрај средновековните кули, под старите борови, времето тече поинаку, пополека...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Надица (24) од Штип е возач на камион: „Спијам на безбедни паркинзи, а кога има време се туширам на ... „Моето прво подолго патување беше до Германија. Бев многу срамежлива и исплашена...
Примариус д-р Виолета Арсова е педијатар во пензија која уште е активна: „Со колешка породивме жена ... „Љубовта кон децата ме водеше кон тоа да станам педијатар. И, до последниот мој ...
Д-р Бети К. Јорданоска, кардиоанестезиолог: „Ние го чуваме животот на пациентот додека срцето мирува... „Ние внимателно ја дозираме комбинацијата од лекови – едни за да го исклучат чув...

Најчитани неделава