Александра Лозановска (50): „Цел живот живеам во Демир Хисар и продавам производи од мојата бавча“

Која е тајната на добриот ајвар?

За ајварот како традиционален специјалитет во Македонија сите го знаат рецептот.

Но, од моето досегашно искуство можам да кажам дека за убав, вкусен и здрав ајвар е најважно од каде потекнуваат пиперките – како се одгледувани, во каква почва се засадени, со каква вода се наводнувани, во кој период се набрани, потоа, како се приготвувани, дали се печени и лупени, како се печени, дали откако ќе се испечат и излупат се цедат, дали се пржат доволно итн. Има многу фактори од коишто зависи убавината и квалитетот на ајварот.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-14.jpg

На пример, кога пиперките не се прскаат со хемиски препарати споро растат и споро зреат, па затоа јас ајварот го правам подоцна од останатите коишто купуваат пиперки за негово приготвување.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-22.jpg

Кој ви е омилен специјалитет вам?

Секој си има свој омилен специјалитет, еве на пример јас најмногу ја сакам лутенката, сопругот и свекорот се по слатките работи, синот најмногу ги сака зимските салати, ќерката и свекрвата се повеќе по храната што не содржи шеќер, па за нив спремаме слатка, мармалади и компоти без шеќер, а нивно посебно драго јадење им е штавејот и киселицата.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-24.jpg

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-06.jpg

Зошто Демир Хисар не би го замениле за Скопје или за кое било друго место?

Хммм… Па, за секој родното место си има посебно место во срцето, така е и со мене.

Демир Хисар никогаш не би го заменила за друго место поради свежиот и чист воздух, зелените планини, тивките вечери, пријатните луѓе, мирниот живот…

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-25.jpg

Никогаш не би го заменила и поради слободата којашто ја имаме и поради убавините на природата.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-07.jpg

Порака до сите што се отселуваат од малите гратчиња во Македонија…

Отселувањето од малите места во Македонија е многу големо и сите знаеме зошто е тоа така, секој си бара подобри и поубави услови за живеење.

Јас немам порака за тие што се отселуваат бидејќи сум сигурна дека тоа го прават со голема причина, инаку кој е тој што сака да си замине од своето родно место, родно огниште, куќа и од своите најблиски?

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-31.jpg

И моите деца заминаа од овде за да работат, да имаат подобри услови за живеење и покрај сите убавини што ни ги нуди природата овде.

Ретко кој останува во малите местенца, а уште поретко е да се најде некој што се грижи и заложува за опстанок на ваквите мали местенца.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-23.jpg

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-09.jpg

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-29.jpg

Повеќе фотографии од малиот рај на Александра во Демир Хисар на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Александра од Скопје, мајка што постојано се качува на Водно со синот (3): „Го носев во кенгур на Во... „Првата работа која бев возбудена да ја купам додека бев бремена беше ранецот-но...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg