Александра Лозановска (50): „Цел живот живеам во Демир Хисар и продавам производи од мојата бавча“

„Земјоделието не е едноставна работа, но кога знам дека јас и моето семејство, моите деца ќе јадеме здрава храна, здрави и органски продукти коишто растат на чиста и плодна почва, наводнувани со чиста подземна вода, нетретирани со хемиски пестициди, ја снемува секоја тежина во работата…“, вели Александра Лозановска (50) од Демир Хисар, која по професија е несуден машински инженер, но ужива во малиот семеен бизнис и мирниот живот во Демир Хисар.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-01.jpg

Александра Лозановска (50), родена е и живее во Демир Хисар, по професија вели дека е несуден машински инженер, но се занимава со земјоделие и производство на домашна зимница.

Живее со нејзиниот сопруг Добре Лозановски (53), исто така несуден машински инженер и со свекорот и свекрвата. Александра има и две деца кои живеат во Скопје, Кристијан – електро инженер и Јована – машински инженер.

За животот во Демир Хисар, но и малиот семеен бизнис „Моја Бавча“ Александра говори за CRNOBELO.com:

Дали отсекогаш живеете во Демир Хисар и како изгледа животот таму?

Да, јас сум родена во Демир Хисар и целиот мој живот живеам овде. Демир Хисар е мало гратче, не е многу развиено и си има свои предности и недостатоци.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-05.jpg

Од една страна е лошо што градот не е развиен, нема фабрики/компании каде што ќе можат луѓето да работат и да заработуваат, но од друга страна пак, тоа е многу позитивно бидејќи нашиот воздух и почва не се загадени.

Животот во Демир Хисар е многу мирен и убав и се има и време за сè. Сите институции ни се на дофат, па многу брзо си ги завршуваме обврските.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-10.jpg

Што претставува вашиот проект „Моја бавча“? За каков мал бизнис станува збор? Колку време го водите?

Нашиот мал бизнис или како што ние го нарекуваме „Моја Бавча“ е всушност производство (што подобро би звучело – правење) на домашна зимница, рачно, на традиционален начин и што е најважно од домашни, органски производи – одгледувани и растени од наша страна.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-13.jpg

Неофицијално нашата приказна е започната некаде пред околу 6 години, а официјално оваа лето славиме втор роденден.

Велам неофицијално затоа што на почетокот приготвуваме зимница само за познаници, немавме име и не бевме прочуени.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-02.jpg

Што приготвувате? За кои ваши продукти има најголема заинтересираност?

Па, приготвуваме производи од сè она што ни го дава природата. Така, во зависност од периодот во годината кај нас може да се најдат најразлични теглички.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-30.jpg

Еве, ќе почнам со зимницата: ајвар, малиџано, лутенка, лутиче, веге намаз, домати во шише, шери домати во маслиново масло со зачини, пиперки-печи, гмечи, кечап, ѓувеч, лути пиперчиња полнети со изварка и павлака, киселица и штавеј, туршија, мармалад од шипинки, од сливи, од кајсии, од праски, од тикви, слатко од тикви, слатко од сливи, од малинки, од рибизли, од јаготки, од пиперки, сируп од глуварче, кантарионово масло, сок од бозд/бозел, сок од вишни, вино, ракија и мн. други производи. Најголема заинтересираност има за ајварот, лутенката, мармаладот од шипинки, па и за шери доматчињата.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-04.jpg

Тешко ли е да се води мал бизнис од овој тип? Има ли заработувачка?

Ниедна работа не е лесна. Кога се работи со луѓе е најтешко бидејќи сакаме на сите позитивно да им одговориме на барањата и да ги задоволиме нивните вкусови, а колку има луѓе толку има и вкусови.

Бавчата не знае за пауза, па така ние секогаш треба да сме тука кога и е потребно копање, садење, плевење, вадење, па повторно копање и повторно вадење итн.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-20.jpg

Земјоделството не е едноставна работа, но кога знам дека јас и моето семејство, моите деца ќе јадеме здрава храна, здрави и органски продукти коишто растат на чиста и плодна почва, наводнувани со чиста подземна вода, нетретирани со хемиски пестициди, ја снемува секоја тежина во работата.

Кога би го споредила трудот и маката вложени во сета оваа работа мислам дека заработувачката е многу мала. Искрено, најголемата заработувачка е нашето здравје.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-18.jpgЌерката Јована

За што е задолжен секој член од семејството? Кој ги има тајните рецепти?

Најголемиот дел од работата e на мене, јас учествувам во секој процес.

Со сопругот го работиме физичкиот дел – копање, садење, плевење, наводнување, па кога ќе дојде време и берење на производите. Потоа, приготвувањето на зимницата го правам јас, се разбира, со помош на мојата свекрва.

Децата ми помагаат кога се тука, најчесто во викендите и најчесто на нив е обврската за транспортирање и достава на производите.

Ќерка ми ми помага околу продажбата на производите и нивното пласирање на различни базари за здрава и органска храна, таа ги пакува и декорира и исто така, ми помага околу уредување на профилите на социјалните мрежи.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-12.jpg

Рецептите за вкусна зимница во моето семејство, а верувам дека и кај сите останати се пренесуваат од колено на колено. Рецептите потекнуваат од нашите мајки, баби и прабаби.

aleksandra-lozanovska-50-cel-zhivot-zhiveam-vo-demir-hisar-i-prodavam-proizvodi-od-mojata-bavcha-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ксенија Николова, искрено за животот: „По видеото за неплодноста сфатив колку многу нè има“ Неодамна поразговараме со Ксенија Николова, автор на неколку успешни романи и чо...
Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Марио Савовски: „Се преселив во Берлин за да работам во студио за видео игри – како изгледа мојата р... Марио Савовски од Скопје од пред некоја година живее во Берлин и работи во студи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg