Снежана Петкас, астролог: „Дневно правам 3 до 4 натални карти, жените најмногу ги интересира љубовта“

На кои полиња од животот е доминантен хороскопскиот подзнак? И како се пресметува подзнак?

Подзнакот се пресметува според часот на раѓање и тој делува цел живот, но поистакнат е после 28-мата година и тука човекот почнува да се менува во зависност во кој знак е неговиот подзнак.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-12.jpg

Кој е најкомплицираниот хороскопски знак и зошто?

Како најкомплициран знак важи Девицата бидејќи е склона кон критики и кон психолошки стравови.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-10.jpg

Кој е најголемиот другар од хороскопските знаци и зошто?

Вагата е хороскопски знак којшто тежнее кон дипломатија и тоа ѝ дава да биде како еден од подобрите знаци за другарство.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-13.jpg

Дали си имала некаков проблем или инцидент со клиент кој дознал нешто непријатно од натална карта?

Во принцип сум немала лоши искуства бидејќи секогаш пред да почнам со клиентот добро го разработувам неговиот карактер и внимавам на кој начин ќе му ги пренесам работите кои ги има во наталната карта, бидејќи има и луѓе коишто се психички понестабилни и со нив треба крајно внимателно да се разговара и да се пренесат некои работи коишто се во неговата натална карта присутни.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-09.jpg

Ги прашуваш ли партнерите веднаш што се во хороскоп? Дали и хороскопскиот знак ти е критериум во љубовните врски?

Во принцип многу е важно кај мажите каде се наоѓа неговиот Марс и како е позициониран за да имам некоја подетална слика каков е неговиот карактер бидејќи од само знакот не може да се види неговиот карактер.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-15.jpg

Колку Македонците веруваат во хороскоп?

Македонците се народ којшто ги интересира астрологијата како наука и се доста заинтересирани за изработка на натални карти, поготово што астрологијата како наука може да даде добри насоки во животот на еден човек.

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-06.jpg

snezhana-petkas-astrolog-dnevno-pravam-3-do-4-natalni-karti-zhenite-najmnogu-gi-interesira-ljubovta-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Благица од Богданци е возач на камион: „Професијата ја наследив од татко ми, сите беа скептични дека... „Сѐ додека една девојка може да вози камион, се разбира дека може да вози и со ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg