Маја Палчевска, директор за развој на производи и маркетинг во Шпаркасе: „Чест ми е што работам во институција што ги негува вредностите во кои цврсто верувам“

„Во последно време имам една омилена изрека, која вели: „Тим не е група луѓе што заедно работат, тим е група луѓе што си веруваат меѓу себе“. Само овие вторите постигнуваат резултати. Доколку делиме исти корпоративни вредности со вистинските луѓе, резултатот е неизбежен. Довербата, страста кон работата, исклучителноста во извршување на задачите и партнерството се вредности што нашата банка ги негува кај своите вработени на долг рок...“, вели Маја Палчевска, новиот директор на Дирекцијата за развој на производи и маркетинг во Шпаркасе.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-01.jpg

Повеќе од 20 години професионален ангажман во банкарскиот сектор, 4 банки, многу големи проекти, предизвици, но и многу прослави за постигнати и надминати цели, успешно завршени задачи, поставени нови граници на возможното... Така отприлика изгледа кариерното патување до овој момент на Маја Палчевска, новиот директор на Дирекцијата за развој на производи и маркетинг во Шпаркасе, во една реченица.

Таа вели дека на семејството на Шпаркасе се придружила пред 8 и пол години и денес е целосно задоволна од одлуката, бидејќи работи во институција и групација што ги негува вредностите во кои цврсто верува и ги практикува на дневно ниво и компанија во која индивидуалниот труд и придонес се цени и се вреднува соодветно.

Во разговор за CRNOBELO.com Маја Палчевска ни го доловува својот професионален пат, но и како балансира со приватниот живот и ги полни батериите:

Директор на Дирекцијата за развој на производи и маркетинг во Шпаркасе, сопруга и мајка... Како балансирате со сите улоги, кој е Вашиот рецепт за успех на секое поле?

Па, не знам колку сум успешна на секое поле, треба да ги прашате дома… Се шегувам... Се трудам добро да го организирам времето, на работа ефикасно да ги затворам сите точки на „ToDo“ листата, а дома квалитетно да го поминам времето со сопругот и со моите две деца, кои веќе се тинејџери и кои осознаваат нови димензии за светот околу нив, па имаат потреба за долги разговори во ноќта.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-02.jpg

Како изгледаше Вашиот кариерен пат досега? На кои лекции (искуства) сте најблагодарни?

Мојата кариера започнува на почетокот на 2001 година во една мала, но динамична банка, менторирана од исклучителни професионалци со прогресивни идеи добиени со меѓународно искуство.

Тие луѓе ме научија дека ништо не е невозможно и дека само со нови идеи и промени може да се оди напред. Денес, често на колегите им велам: Само промената е константа во универзумот.

Таму се случи мојот прв голем проект и учествував во трансформацијата на платниот промет во Македонија и негово селење во банките. Потоа. добив уникатна можност да работам во банка што тукушто се формираше од гринфилд инвестиција, градејќи ги процесите од самиот почеток во областа на работа со физички лица и управување со мрежа на експозитури.

Тука научив многу за дефинирање стратегии за клиенти/CRM, воспоставување, развој и управување со процесите поврзани со унапредување на корисничкото искуство, развој на производи, истражување и анализи на пазарот, управување со комплексни проекти, менаџмент со човечки ресурси, управување со процеси и промени. Тоа беа и зачетоците на дигитализацијата, развој на електронското и мобилно банкарство.

Малку подоцна, дојде и проектот на кој сум особено горда, а тоа е учеството во главниот проектен тим при интеграцијата на Шпаркасе и Охридска банка, едно прекрасно двегодишно патување што покажа дека и најкомплексните процеси, дури и при вонредни околности, можат успешно да се завршат, ако има систематски пристап и добар тим. 

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-001.jpg

Колку Македонците се „жедни“ за нови банкарски производи, колку се информирани и во чекор со светските трендови? Од што се водите при креирање и развој на нови производи?

Како и во сите други области на човековото битисување, секојдневно бараме нови начини за поефикасно завршување на своите задачи, лесен пристап до услугите што ни се потребни, јасен, разбирлив концепт на сервис што има соодветна корисна компонента.

Банкарските производи и услуги во овој контекст не смеат да бидат исклучок.

Се трудиме да конципираме производи и услуги што ќе бидат едноставни и транспарентни за разбирање, флексибилни и соодветно приспособливи на потребите на нашите клиенти, лесно достапни преку различни канали на продажба и секако иновативни, носители на новото време и новите технологии.  

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-04.jpg

Тешко ли е да се допре до клиентите, односно да се осмислат креативни маркетинг решенија за да се привлече нивното внимание? На која кампања сте најгорди досега?

Со промените што ги донесе дигиталната ера, исклучително брзиот проток на информации, таргетирано информирање и сл., не е лесно да се задржи вниманието на клиентот, а уште потешко да се информира правилно. Затоа користиме услуги од врвни професионалци во маркетинг индустријата за креирање решенија што ќе ни помогнат да ги пренесеме пораките на нашите сегашни и идни клиенти.

Во овој краток период додека сум на оваа позиција, се случи и лансирањето на новата имиџ-кампања под слоганот „Верувај во себе“, за што сум исклучително горда.

За бренд-амбасадор на Банката го одбравме Влатко Стефановски, кој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар, кој отсекогаш верувал во себе и во својот сон.

Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата  силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, континуирано да се надградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-06.jpg

Платформата за корпоративна општествена одговорност „Шпаркасе life“ е за секоја пофалба... Кои се Вашите најзначајни подвизи досега, со кои сте им го подобриле/олесниле животот на луѓето?

Платформата „Шпаркасе Life“ опфаќа широка лепеза активности, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологија, образование, спорт, здравство, како и ранливите и маргинализираните групи.

Ќе ми треба многу време да ги набројам сите проекти во рамките на оваа платформа, но она што можам да го истакнам е дека нашите клиенти ги чекаат уште многу убави настани каде што ќе бидеме присутни под ова лого и заеднички ќе придонесуваме за подобри перспективи на заедницата во која живееме.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-07.jpg

Кое е мотото на Шпаркасе Банка кога станува збор за клиентите? Што е она што ве прави поинакви од другите?

Шпаркасе Банка е дел од големата австриска групација Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која посветува значајно внимание на финансиското здравје на клиентите и на заедницата во која работи.

Затоа финансиската едукација, транспарентноста во понудата, грижата за клиентите во различни предизвикувачки ситуации е во центарот на вниманието. Тоа, впрочем, го обезбедува и континуитетот на повеќе од 200 години егзистирање на групацијата на пазарите во Европа обезбедувајќи сигурност и доверба кај клиентите.

Под мотото „Верувај во себе“ сакаме да ги мотивираме храбрите и талентираните луѓе во земјава, кои не се плашат да ги остваруваат своите цели и да продолжат да ги надминуваат своите граници.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-12.jpg

Колку е тешко да се справите со различни карактери на работното место и да балансирате во секоја ситуација? Зошто квалитетните меѓучовечки односи се клучни за успешно функционирање на една компанија?

Во последно време имам една омилена изрека, која вели: „Тим не е група луѓе што заедно работат, тим е група луѓе што си веруваат меѓу себе“. Само овие вторите постигнуваат резултати.

Сите ние до определен степен сме различни, со свој стил на работа, професионален бекграунд, навики и преференции. Но, доколку делиме исти корпоративни вредности со вистинските луѓе, резултатот е неизбежен.

Довербата, страста кон работата, исклучителноста во извршување на задачите и партнерството се вредности што Банката ги негува кај своите вработени на долг рок.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-11.jpg

Како ги полните батериите во слободното време? Кој е Вашиот омилен начин за релаксација?

Имам константна потреба да бидам опкружена со пријатели и да бидам присутна на различни случувања, што ми дава енергија за сите предизвици пред кои секојдневно се исправувам.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-03.jpg

Се трудам во слободно време да ги видам и да поразговарам со сите мои драги долгогодишни пријатели. Поминувам многу време со поширокото семејство, кое ми е сериозна поддршка во сите важни животни одлуки низ годините.

Патувањата се секогаш на прво место кога се дефинираат приоритетите во домашниот буџет.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-09.jpg

Има ли дружби по работното место? Организирате ли тим-билдинзи, како ја зајакнувате сплотеноста на тимот?

За дружби и тим-билдинзи секогаш има расположение. Работната средина е главно сочинета од млади, енергични луѓе (за ова млади, јас ќе мора да се изземам), кои секогаш се спремни за скокање со падобран, спуштање со зиплајн, качување на Соколица и многу други нешта.

Така се запознаваме од друга перспектива, ни помага да си ја изградиме довербата меѓу себе, како клучна компонента за успешен тим.

Низ годините, некои од колегите ми станаа и добри пријатели, со кои редовно се гледаме и по работа, делејќи исти интереси и надвор од работната средина.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-13.jpg

Кои се клучните карактеристики за тоа што претставува еден добар вработен во Шпаркасе?

Тоа е професионалец што верува во себе и во своите квалитети, верува во Банката и во нејзината визија, испорачува најдобро што може според ветеното, соработува и секогаш е подготвен да му помогне на колегата во тимот.

Функцијата директор на Дирекцијата за развој на производи и маркетинг во Шпаркасе несомнено носи голема одговорност. Зошто токму оваа функција е вистински предизвик за Вас?

Дирекцијата за развој на производи и маркетинг е централна единица во Банката, спојувајќи повеќе функции, таа е на некој начин мозокот на институцијата, која го дефинира асортиманот на производи и услуги што ќе се нудат, ги одредува процесите и каналите за нивна продажба и соодветно ги промовира.

Отсекогаш ме мотивираат предизвици и тоа е причината зошто во ова мое 20-годишно патување променив многу различни позиции и области во банкарското работење. Се натпреварувам со самата себе, се трудам секој ден да сум подобра од претходниот, да учам од грешките и така да напредувам на секој план.

Во тие рамки, без многу размислување ја прифатив позицијата и сите предизвици што ги носи, со јасна цел во наредниот период овој тим да направи поместување и придонесе во севкупниот понатамошен развој на Банката.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-14.jpg

Што значи да се биде дел од една компанија како Шпаркасе, во која насока посакувате да растете Вие, но и Шпаркасе како компанија?

Да се работи за банка што е членка на Ерсте и Штаермеркише групацијата е вистинска привилегија.

Горда сум што сум дел од ова семејство, кое во исто време носи одговорност за следење на принципите на повеќевековната традиција на банкарско работење, во облик на доверба и исполнување на ветувањата, како и континуирано следење на барањата на новото дигитално време и технолошките трендови за кои нашите сестрински банки се предводници на нивниот локален пазар.

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-10.jpg

maja-palchevska-direktor-na-direkcija-za-razvoj-na-proizvodi-i-marketing-vo-shparkase-chest-mi-e-shto-rabotam-vo-institucija-shto-gi-neguva-vrednostite-vo-koi-cvrsto-veruvam-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме са... Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на ма...
Маја од Скопје: „На 30 години дознав дека имам ретка автоимуна болест, учев да одам и да се смеам бе... „Првите чудни симптоми кои ги осетив беа на мускулите во лицето... Тргнав на рад...
Марио Савовски: „Се преселив во Берлин за да работам во студио за видео игри – како изгледа мојата р... Марио Савовски од Скопје од пред некоја година живее во Берлин и работи во студи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg