Љубовната приказна на Нина и Валентино од Скопје: „Се запознавме во ноември 2021 во Унгарија, се венчавме во јуни 2022“

Љубов на прв поглед беше дефинитивно.

Првиот состанок помина подобро од очекувањата, по што тој повторно возеше 150 km назад кон својот град. Очигледно километрите не се пречка, кога емоциите те водат, па веќе следниот ден тој повторно дојде во Будимпешта.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-14.jpeg

Тогаш и официјално започна нашата љубовна приказна.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-15.jpeg

Се пронајдовме во секое поле од животот, споделуваме исти интереси, дури имаме и слични дневни ритуали и навики. Времето тече, а ние чувствуваме како да не поминала ни една минута.

Чувство кое не се опишува со зборови, но кое ја зајакнува нашата увереност дека сме среќни што сме пронашле и што нашата љубов секојдневно се потврдува.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-02.jpeg

По еден месец, одлучивме да се вратиме заедно дома во Скопје на една седмица, каде за првпат ги запознавме нашите семејства, што е ултимативен чекор за следната фаза на заеднички живот во Унгарија.

И така, преселбата ни го покажа и докажа тоа што го чувствувавме од почеток.

Сфативме дека имаме ист животен стил, дека совршено се вклопуваме во сè и дека сме си најголема поддршка еден на друг.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-06.jpeg

На 18-ти март двајцата требаше да учествуваме на интернационален бизнис настан во Будимпешта. Знаејќи дека ќе биде „само“ уште еден од низата бизнис настани, сметав дека нема потреба од многу спремање пред настанот, но Валентино инсистираше на „matching“ облека, идеја која мене веднаш ми се допадна.

Пред да започне настанот, со автомобил отидовме заедно, а тој ми сугерираше да си ги земам и шминките, бидејќи не се знае колку долго ќе останеме и како ќе се одвива сè.

Кога пристигнавме на раскошната гала-вечера во хотелот The Ritz-Carlton, пејачот доцнеше, а на негово место на бината излезе Тино и јавно ме праша дали сакам да го поминеме целиот живот заедно …

Романтичниот гест вклучуваше и приказна за нашата љубов, која кулминираше со прашањето „Дали сакам да се омажам за него?“

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-04.jpeg

Без никакво двоумење во срцето, го кажав судбоносното „ДА“. Пријателите и соработниците ја споделуваа нашата среќа.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-05.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут: „Ме запроси во Либан, а се венчавме во Мак... Младата скопјанка, Драгица Ибрахимовиќ (27), која работи како стјуардеса во авио...
Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 3... „Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој д...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Ана од Скопје: „На 20 години го имав првиот сериозен симптом на мултипла склероза, син ми ми е злато... „Користам бастун, чинам од пред 10 години. Познаниците што не ме виделе подолго ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Ирина од Скопје чува сфинкс мачка: „Нала многу сака да се гали и не е дива, идеална храна ѝ е сирово... „Нала е премногу мила и секогаш е расположена за галење. Воопшто не е дива како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg