Љубовната приказна на Нина и Валентино од Скопје: „Се запознавме во ноември 2021 во Унгарија, се венчавме во јуни 2022“

Нина и Валентино велат дека дефинитивно им се случила љубов на прв поглед и веднаш знаеле дека се вистинските еден за друг. Македонскиот кошаркар, кој игра за клуб во Унгарија, не чекал многу за да ѝ го постави судбоносното прашање на Нина… Нина споделува детали за нивната романтична љубовна приказна за CRNOBELO.com.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-01.jpg

Нина Буралиева (23) од Скопје, има дипломирано на факултет за бизнис во Будимпешта, а се занимава со онлајн бизнис за здрава исхрана и суплементи. Таа е на мастер студии по лидерство и менаџмент во Унгарија. Валентино Каранфиловски (22) Скопје, од свои 15 години игра кошарка во Унгарија, од кои последните четири професионално.

Парот случајно се запознал во Унгарија, инстантно се вљубиле и многу брзо Валентино ѝ го поставил судбоносното прашање на Нина, а веќе на 15-ти јуни годинава тие се венчаа на интимна церемонија во Скопје.

Нина споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

„Иако и двајцата поради одговорноста кон своите професии и заради наклонетоста кон здрав животен стил не сакаме да излегуваме во клубови и не сме вљубеници во ноќниот живот, тој ден, на 13-ти ноември 2021, Тино одлучил дека ќе излезе во Будимпешта да запознае неколку луѓе со коишто имал комуникација преку социјалните медиуми.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-12.jpeg

Кога се сретнал со нив, тие веднаш му кажале дека имаат другарка од Македонија, мислејќи на мене, и му предложиле дека би требало да нè запознаат бидејќи сметале дека имаме исти интереси.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-13.jpeg

Така, се запознавме најпрво преку социјалните медиуми, каде муабетот ни кликна „на прва“. Бргу се одлучивме за чекор нанапред, за средба во живо.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-11.jpeg

Седум дена по првиот контакт, иако играше натпревар во 18 часот, нетрпелив за да ме запознае, Тино одлучи да вози 150 km до Будимпешта.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-03.jpeg

Тој до денес со возбуда раскажува како по натпреварот влегол во автомобилот и го започнал своето патешествие кон Будимпешта несвесен, но со надеж дека тоа е патот кој го води кон запознавање на неговиот иден животен сопатник.

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-07.jpeg

Кога во 22 часот пристигна во Будимпешта, конечно се видовме. Вели дека за него сум била „како од бајка излезена, ангел со зелено/плави очиња кој гледа во него и го чека, се насмевнува и влегува во автомобилот.“

ljubovnata-prikazna-na-nina-i-valentino-od-skopje-se-zapoznavme-vo-noemvri-2021-vo-ungarija-se-venchavme-vo-juni-2022-09.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Моника и Јовица: „Живееме во Чикаго, но желба ни беше да ја крунисаме љубовта ... Се венчававме во соборниот храм Св. Климент Охридски и тоа беше воедно исполнува...
Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...
Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg