Македонка од Струмица со сопругот има 7 градинки во САД: „Почетокот беше многу тежок, си го сакам родното место, но не би се вратила таму“

Кажи ни нешто повеќе за самиот процес на згрижување на дечињата? Колку дечиња има во групите, по колку часа се згрижени, какви активности имаат во текот на денот?

Како приватни едукатори за деца во рана возраст, имаме дозвола да се грижиме за деца од 2 месеци до 12 годишна возраст.

Имаме акредитирана едукативна програма за секоја возраст, бидејќи децата учат различно на различна возраст и групите се формирани со деца од иста возраст.

Секоја возраст има различен број на дечиња, а бројот е одреден спрема возраста. На пример, во група за бебиња од 2 месеци до 11 месеци, има најмногу 4 бебиња со една учителка, во група за 2 годишни дечиња најмногу 11 со една учителка итн.

Нудиме грижа од 6:30 наутро до 18:00 попладне.

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-07.jpeg

Децата се згрижени со 4 полни оброци за времето додека се во градинка, следат распоред на учење, играње, тематика, време за одмор итн.

Имаме програма која ги активира родителите да бидат дел од наставата преку фамилијарни проекти и домашни задачи. Во сите седум градинки нудиме иста програма, а во 2021 добивме лиценца и станавме легална франшизна компанија.

Голем благослов е што ја имаме можноста да се грижиме за деца на други луѓе и да им даваме корени на образование. Кај нас, во рана возраст, започнува сѐ.

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-11.jpeg

Дали некогаш со сопругот помислувате повторно да живеете во Македонија?

Само што се вративме од одмор во Македонија. Поминавме супер 10 дена, си го сакам родното место, но не би се вратила да живеам таму.

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-10.jpeg

Што е она што најмногу ти недостасува од Македонија, а што е она што најмногу ти пречеше додека живееше тука?

Ми недостасуваат „времето за на кафе“, моралните вредности, слободата. Не би рекла дека нешто ми пречело, бидејќи таму сум родена и порасната, начинот на живот е тоа што го знаев и е многу по различен од каде живеам сега.

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-17.jpeg

Погледнете уште неколку фотографии од градинките:

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-13.jpeg

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-14.jpeg

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-15.jpg

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-16.jpg

makedonka-od-strumica-so-soprugot-ima-7-gradinki-vo-sad-pochetokot-beshe-mnogu-tezhok-si-go-sakam-rodnoto-mesto-no-ne-bi-se-vratila-tamu-19.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди н... Филип Иванов (33), веќе 5 години работи како пастор во Велес и во интервју за CR...
Христина од Кичево е мајка на предвреме родено дете: „Имав нормална бременост, дури по 2 години сфат... „Две недели по раѓањето на Леонид состојбата му се влоши, за што лекарите не сак...
Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg