Зои Блаж: „Завршив на инфузија пред свадба поради напорните подготовки, но вредеше – свадбата ни беше магична“

„Трипати ни беше презакажана свадбата во Словенија и на крај одлучивме да направиме сè во Македонија, а во пандемијата не се видовме воопшто 1 година и 8 месеци, но љубовта победи и на свадбениот ден ништо не би менувала – беше совршено“, раскажува Зои Блаж односно сега Зорица Матијашич од Скопје за CRNOBELO.com за свадбата со ракометарот Тадеј Матијашич од Словенија.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-01.jpg

Зои Блаж односно сега Зорица Матијашич од Скопје е мејкап артист повеќе од 5 години, а има и свој шминкерски салон, а веќе 3 години активно го работи својот Инстаграм профил и вели дека со инфлуенсерство почнала да се занимава спонтано пред пандемијата.

Нејзиниот избраник Тадеј Матијашич (28) е роден во Изола, Словенија и е професионален ракометар, кој 7 години играл во Македонија, потоа во Словенија и сега игра во Германија каде и ќе живее парот.

Тие неодамна направија свадба во локал со прекрасна природа во Крива Паланка и велат дека било совршено и токму онака како што си замислувале.

Зои споделува детали за нивната љубовна приказна и за организацијата на свадбата за CRNOBELO.com:

„Во врска бевме 6 години, од кои 3 години бевме на далечина, од кои година и осум месеци воопшто не се видовме поради пандемијата.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-001.jpg

Искрено, беше многу тешко, но, на крај љубовта победи. Јас секогаш велам ако имаш цел, разбирање, слога, мир, доверба и љубов не може ништо да ве раздели и спречи да издржите до крај и тоа мото и нè водеше до крај затоа и победивме сè и сум многу среќна и горда на нас.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-03.jpeg

Тадеј ме запроси во Геманија во 2020 година на многу интересен и специфичен начин.

Трипати ни беше презакажана свадбата во Словенија и на крај одлучивме да направиме сè во Македонија.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-04.jpeg

Со подготовки официјално почнав во декември, што значи имавме 7 месеци да подготвиме сè.

Закажавме прво ресторан, потоа музика и си течеше сè постепено. Но, ми беше тешко ми беше бидејќи тој беше цело време во Германија и одобруваше на камера, а јас тука, но, на крај излезе сè како што треба.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-05.jpeg

Искрено, сè правев од љубов и со посебно внимание, премногу се вложив и на крај бев преуморна, но не жалам за ништо. Истото повторно би го направила бидејќи заслужуваме.

На крај ме чинеше со инфузии пред свадба, но издржав.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-11.jpeg

Вкупно имавме 170 гости и беше фантастично. Првично имавме многу повеќе, но поради одмори и оправдани причини доста од фамилијата, што не живеат во Македонија, за жал не можеа да дојдат.

zoi-blazh-zavrshiv-na-infuzija-pred-svadba-poradi-napornite-podgotovki-no-vredeshe-svadbata-ni-beshe-magichna-07.jpeg

За венчаницата, првично имав замисла да биде едноставна бела свила, но мојата пријателка Ана, која ми ја креираше, ме познава многу добро и ме предомисли додека бев во Германија дека еднаш правам свадба и дека јас треба да сум јас – онаа гламурозна девојка со специфичен изглед.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Борче Стаменов, од иницијативата „Донирај компјутер“: „Дониравме 1.340 компјутери и не сопираме со п... За активностите и целта на иницијативата „Донирај компјутер“ нашироко се слуша, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg