Диме Трајановски помина 200km и искачи 11 македонски врвови во 6 дена: „Тргнав со болно колено, напорот е повеќе психички отколку физички“

Колку време се подготвуваше пред да се зафатиш за овој потфат?

Јас лично немав некои особени подготовки, често одам на планинарење и возам активно велосипед така да веќе имав една идеја што ме чека.

Имавме две одржани средби со Марио Шаревски, водичот и член на ПД „Трансверзалец“ коишто овозможија меѓусебно да се запознаеме и воедно да ја споделиме замислата и нацрт-планот за изведба на Трансверзалата која конечно се комплетираше на 8 учесници од првично пријавените 12 луѓе.

За овој потфат покрај физичката подготовка многу важна е и психичката. Психичкиот напор знае да биде во некои моменти многу силен, бидејќи секојдневните растојанија кое се поминуваат се многу долги, ранците веќе напоменав дека беа и до 20kg, временските услови кои понекогаш знаат да бидат доста променливи од силно сонце, ветер, дожд и ладни ноќи.

Затоа мој личен совет пред да се решите на ваков потфат е да се запрашате себеси:

„Дали сум подготвен (психички и физички)? „Дали го имам потребното искуство и дали оваа планинарска авантура е за мене?“

Секако за најсоодветен совет ви треба искусен водич којшто ја знае патеката и предизвиците што носи ваква тип на планинарска трансверзала.

BeFunky collage 8

Без која опрема не се заминуваш на планина?

За овој тип на планинарење потребно е комплетна опрема.

Можеби ќе заборавам нешто, но ова е дел од поважните работи на списокот: шатор, издржливи трекинг чизми со брановиден ѓон што не се лизга, вреќа за спиење, ранец 50-60 литри, трекинг стапчиња, очила за сонце и шапка, ламби за на глава, GPS навигатор, батерии за полнење, термоси за вода, крем за сончање (максимален заштитен фактор), мелем за усни, личен комплет за прва помош, летна облека: маици, лесни панталони и шорцeви и костим за капење (ако решите да се бањате во некои од ледничките езера)

BeFunky collage 9

Какво мени имавте на располагање тие неколку дена?

Носевме храна за првите 4 дена, бидејќи првиот контакт со цивилизација ни беше во Маврови Анови.

Носевме претежно храна која придонесуваше за одржување на добра кондиција, а не беше многу тешка за носење и брзо расиплива како на пример јаткаста храна (лешник, бадем, орев, кикиритки …), мешавина од суво грозје, брусница, енергетски барови, а навечер кога имавме повеќе слободно време знаевме и да зготвиме и тестенини со песто и разни супи.

Какви беа ноќите?

Си легнувавме порано од вообичаеното, можеби поради заморот кој го чувствуваме на крајот на денот.

Бидејќи шаторите понекогаш беа и на 2.000 м.н.в. , се случуваше ноќите да биде студени, затоа препорачувам и потопла облека. Како и да е, нема ништо подобро од кампување во шатор со милион ѕвезди.

https://www.instagram.com/p/CgFgw8Nrwaw/

Остваривте ли блиска средба со некое диво животно?

Кога влеговме во националниот парк Маврово, имаше многу знаци за кои беше обележано дека има присуство на балканскиот рис. Бев возбуден дека ете можеби ќе имаме можност да се го здогледаме од некаде ова прекрасно диво животно, меѓутоа не се случи.

Колку што знам балканскиот рис се води како „критично загрозен“ можеби и тоа е причината. Рисови, не видовме меѓутоа еден ден се разбудивме со стадо коњи, на кои навистина не можеш да одолееш на нивната грациозност.

https://www.instagram.com/p/CgFgOpUrYGM/

Што ти беше најпредизвикувачкото од целокупното планинарско искуство?

Најголем предизвик ми беше должината на самата трансверзала. Измеривме 192 испешачени километри, без употребен GPS на Шара и воопшто 98% од трасата на ЗМТ благодарение на нашиот водич.

https://www.instagram.com/p/CfeFmfPMSs7/

Што следува по Западната македонска трансверзала?

Имаме идеја со планинарите за прво поминување на Источната Македонска Трансверзала по планините од Осогово, Влаина, Малешевски, Огражден, Беласица па сè до Дојранското Езеро.

https://www.instagram.com/p/CgFcxE7r_eB/

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg