Диме Трајановски помина 200km и искачи 11 македонски врвови во 6 дена: „Тргнав со болно колено, напорот е повеќе психички отколку физички“

„Пред да се пријавам, знаев дека имам мал проблем со коленото, сепак бев премногу мотивиран за да ја постигнам предизвикувачката цел којашто ја имав зацртана во глава. Психичкиот напор знае да биде во некои моменти многу силен, бидејќи секојдневните растојанија кое се поминуваат се многу долги, а временските услови променливи“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Диме Трајановски, планинар која заедно со уште седуммина други планинари за рекордни 6 дена ја помина западната Македонска трасверзала.

dime-trajanovski-planinar-pesacevme-od-20-do-30-kilometri-dnevno-i-zapadnata-makedonska-transferzala-ja-izodivme-za-6-dena-01.jpg

Диме Трајановски е еден од осумте планинари кои за рекордно време ја изодеа Западната македонска трансверзала, минувајќи околу 200 километри и искачувајќи 11 врвови.

Во разговор за CRNOBELO.com Диме открива повеќе детали за тоа како се одвивал подвигот, кои биле најголемите предизвици со кои се соочиле, но и го споделува сопственото искуство со сите оние што во иднина би посакале да ја поминат најатркативната македонска планинарска патека.

Диме, со каква помисла го започна пешачењето на Западната македонска трансверзала?

Штом ги поминав првите километри со тешкиот ранец којшто тежеше околу 20kg, си реков во себеси дека ова ми изгледа на „тешка борба“, меѓутоа дадов простор други мисли да преовладеат со мене. Помислив на она што доаѓа, на погледот од врвовите, на сините хоризонти и чувството на слобода што го даваат планините.

Пред да се пријавам, знаев дека имам мал проблем со коленото, сепак бев премногу мотивиран за да ја постигнам предизвикувачката цел којашто ја имав зацртана во глава.

Така од една страна беше мојата желба и мотивација да направам нешто што ќе го паметам цел живот, а од друга страна беа планините кои имаат различни начини да се справат со луѓето кои можеби понекогаш имаат силна самодоверба.

BeFunky collage 6

Од каде започна турата?

Планинарењето започна од Старо село, во близина на планинарскиот дом Љуботен.

Оваа трансверзала поминува низ цела Западна Македонија, преку масивите на Шар Планина, Рудока, Враца, Бистра, Стогово, преку Караорман па сè до селото Црвена Вода до Охрид, со вкупна должина од околу 200 километри.

По своите карактеристики тоа е најдолгата планинарска патека во Македонија, а веројатно и една од најатрактивните во земјава.

За колку дена ја изодевте Западната македонска трансверзала?

Западната македонска трансверзала, за првпат годинава е изодена во рекордно време од 6 ефективни дена, за цел ден помалку од досегашното.

Започна на 24.6.2022 во 16:40 часот и заврши на 30.6.2022 во 15:30 часот, а во неа учествувавме 8 планинари од различни градови во Македонија (Скопје, Струмица, Прилеп, и Делчево) предводени од Марио Шаревски, член на ПД „Трансверзалец“.

Успеавме да искачиме 11 врвови сите над 2.000m надморска височина.

BeFunky collage 7

Кои места ги посетивте за време на шестдневното патешествие?

Морам да признаам дека во животот немам искачено толку многу врвови за толку кратко време. Овде подолу ќе се обидам хронолошки да ги подредам планинарските чекори.

Патешествието го започнавме на 24.06.2022 од Старо Село па до врвот Љуботен (2.498 м.н.в). Овој ден беше најкраткиот и воедно првиот тест за вистинска тежина на нашите ранци, кои на некои од планинарите надминуваа и над 20 кг вклучувајќи ја и мојата. Она што ми остави силен впечаток беше величествената карпа Козја Стена и прекрасниот врв Љуботен кој има впечатливи алпски карактеристики. Околу 20.00 часот пристигнавме на планинското седло под Љуботен каде што ги поставивме и шаторите за нашиот прв камп под отворено небо.

Вториот ден 25.06.2022, воедно и најтешкиот ден – барем за мене лично, го започнавме од седлото на Љуботен потоа врвовите – Пирибег 2.524 м.н.в. , Езерски 2.694 м.н.в. , Пескови 2.651 м.н.в, Бистрица 2.540 м.н.в, преседлина Дојран кај Црн Врв 2.585 м.н.в. (Бистрички Бачила). Покрај високите врвови, особен предизвик беше самата патека која на некои места беше карпеста и го отежнуваше движењето и мораше да бидеме внимателни каде газиме. По прикажаните и измерените 26km и над 1.200 метри искачување, имав чувство дека се двојно повеќе заради самата патека, а и болката предизвикана од тежината на ранците.

Третиот ден 26.06.2022 го започнавме од седлото под Црн Врв потоа поминувајќи покрај врвовите Кобилица 2.528 м.н.в. , карпестиот гребен Трескавец со впечатливите карпи Љубински Уши, Вртоп 2.555 м.н.в, Шилеџе, Караниколичко Езеро, Шереметица, Сакакаличко Езеро. По оваа патека имаше доста извори коишто ни ја гасеа жедта под силното планинско сонце.

https://www.instagram.com/p/CfeFxppMduu/

Посебен акцент ќе дадам на прекрасните природни леднички езера Караниколичко и Скакаличко Езеро каде што успеавме да се искапеме и да направиме камп пред самото езеро.

Четвртиот ден 27.06.2022 беше несекојдневен. Го отвораш шаторот и пред своите очи ги здогледуваш кристално чистите води на Скакаличко Езеро, потоа следуваа изворите на Пена, врвовите Џинибег 2.610 м.н.в, Трпезница 2.599 м.н.в. , Челепино 2.554 м.н.в. , Шутман, Расенгул.

Иако повеќето планинари беа доста искусни, сепак како што минуваше време и заморот полека нè совладуваше. Двајца од групата вклучувајќи ме и мене секогаш заостануваме, бидејќи почнаа да ни се појавуваат силни болки во колената при спуштањето.

Петтиот ден 28.06.2022 следуваа врвовите Расенгул 2.383 м.н.в, Фудан 2.221 м.н.в. , Лера 2.197 м.н.в., Кожа 1 743 м.н.в. , Маврови Анови, Маврово, Галичник.

https://www.instagram.com/p/CgFizxwrFyj/

Шестиот ден 29.06.2022 поминавме покрај мијачките села Галичник, Селце, Тресонче, Лазарополе, Гари кои имаат преубава мијачка архитектура и имавме превкусен ручек и вечер во месните локали.

И последниот јуначки ден 30.06.2022 од ливадата под Св. Петкина вода на Стогово каде што преноќивме, потоа Мегданица, Бабин Срт 2.278 м.н.в. кој воедно е и последна контролна точка на Трансверзалата – Караорман – Црвена Вода – Охрид.

BeFunky collage 11

Колку километри во просек поминувавте дневно?

Зависно од условите коишто ги имаше самата трансверзала и предизвиците со кои се соочувавме, се движевме во просек од 20 до 30km дневно, а имаше и еден ден кога дел од планинарите направија рекорд од 42 километри растојание од врв Расенгул до прекрасниот Галичник.

https://www.instagram.com/p/CgFdJqRLRQG/

За тоа како изледале подготовките и што е неопходно за ваков подвиг, повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg