Викторија Лоба за свадбата со саканиот Ѓорѓи: „Носев венчаница долга 3 метри, два бели гулаби слетаа на зајдисонце кај Св. Јован Канео“

„Временската прогноза тој ден беше толку променлива, дуваше силен ветар и секој момент очекувавме да заврне. Но, кога излеговме од црквата сè беше толку смирено, меко, навистина волшебно. За неколку минути го дочекавме и зајдисонцето, а она што навистина нè воодушеви се два бели гулаби кои сосема случајно долетаа на кровот од црквата и така еден до друг седеа и нè набљудуваа од горе сè додека не заминавме...“, раскажува Викторија Лоба за CRNOBELO.com за црковната свадба со својот избраник Ѓорѓи Калешов во црквата Свети Јован Благослов Канео во Охрид.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-01.jpg

Викторија Лоба по 9 години врска стапи во брак со својот избраник Ѓорѓи Калешов, поранешен кошаркар, на романтична свадбена церемонија на 28-ми август во една од најпознатите цркви во Охрид, Свети Јован Благослов Канео.

Во романтична венчаница на зајдисонце со најблиските покрај неа, пејачката блеска на својот голем ден. Атмосферата е едноставно магична.

За CRNOBELO.com Викторија споделува детали од свадбената церемонија:

Колку години бевте во љубовна врска, каде и како те запроси и од кога живеете заедно?

Веќе 9 години сме заедно, ме запроси за Нова Година 2019-та. Долго време живееме заедно.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-12.jpeg

Зошто токму Охрид како дестинација за вашата свадба?

Охрид е за мене навистина романтично и свето место, отсекогаш сум сакала да се венчам во Охрид.

На црквата Св. Јован Благослов Канео ѝ се восхитуваме на секоја наша прошетка во Стариот Град, и уште од почеток бевме решени тука да се венчаме.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-04.jpeg

Кога се случи венчавката и зошто токму на тој ден?

На 28 Август е Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица - значаен христијански празник за нас и женската линија во моето семејство отсекогаш ја славиме Пресвета Богородица.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-08.jpeg

Колку беше тешка организацијата? Кога започна со подготовките?

Немавме некоја специјална организација, некако спонтано организиравме сè и за многу кус период.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-07.jpeg

Благодарност до ресторанот Летна Бавча Канео кои се потрудија за мини коктелот после церемонијата и организираа виолина која ја надополни магичната атмосфера. 

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-03.jpeg

Каква венчаница носеше?

Носев романтична нежна венчаница која Ателиер Коцарева ја соши специјално за оваа церемонија, венчаницата е долга три метри и совршено се вклопи во целиот амбиент. 

Нежна шминка и коса сплетена во венец беше мојот избор.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-05.jpeg

Каков бидермаер имаше?

Бидермаерот како дар од кумата беше направен во мојот минималистичен стил со раскошни бели рози и маслинови гранки, создаден од вештите раце на „Цветна Фабрика”.

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-13.jpeg

viktorija-loba-za-svadbata-so-sakaniot-gjorgji-imav-vel-dolg-3-metri-dva-beli-gulabi-sletaa-na-zajdisonce-kaj-sv-jovan-kaneo-14.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди н... Филип Иванов (33), веќе 5 години работи како пастор во Велес и во интервју за CR...
„Работам во градската болница во Велес – мора да ви ја пренесам тажната приказна за дедо Петре“ Над дваесет години како сум дел од тимот на градската болница во Велес. За сите ...
Алма од Велес: „Имам домашен миленик полжав - Гери живее во аквариум и обожава да се гали“ „За неговото живеалиште, аквариумот, потребно е да нема предмети од коишто може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg