Успешни Македонци низ светот: Дејан од Кичево е каратист кој отвори свој клуб во Чикаго, но работи и на универзитет и во болница

Дејан оваа година, беше официјално промовиран и како велнес шампион на Нортвестерн Универзитетот.

„Многу често патувам низ САД и може да ме забележите на сите поголеми карате натпреварувања каде вообичаено судам.

Изминатата година решив да се натпреварувам и го освоив златниот медал на државното карате натпреварување каде имаше пријавено повеќе од 2.200 учесници. Случајно овој резултат и моите карате достигнувања ги споделив со мојот менаџер и тоа беше и причината да бидам номиниран и денес да сум член на велнес комитетот на Нортвестерн Универзитетот.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-11.jpg

Ние сме тим од 80 членови, сите опседнати со идејата за здрав живот и позитивен дух. Редовно дискутираме, креираме, иницираме и организираме најразлични настани, обуки и тренинзи од областа на велнес за сите вработени на нашиот универзитет.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-10.jpg

Навистина ми е задоволство што во овој момент сум вклучен во креирање на специјална велнес програма за нашиот департман каде ќе можам да го промовирам каратето како алатка за справување на стресот и подобрување на самодовербата на нашите вработени.“

Дека е вистински херој покажува и фактот дека со каратето и техниките на каратето помага на лицата со Паркинсонова болест и децата со аутизам и ADHD.

„Во ММА (Милошевски Мартиал Артс) имаме креирано повеќе различни програми (карате, самоодбрана, нутриционизам, персонални часови, корпоративен велнес). Нашето мото е дека ние градиме карактер и самодоверба на шампион.  

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-07.jpg

Во мојот клуб имаме деца со аутизам и (АDHD) кои се вклучени во нашите редовни часови. Бев вклучен во истражување каде креиравме специјална карате програма и ги следевме ефектите од каратето вр лицата со Паркинсонова болест.

Крајната цел е дека карате помага во зголемување на силата, издржливоста и флексибилноста, држењето на телото, рамнотежата и координацијата. Но, освен физички бенифиции нуди и ментални бенифиции, како на пример градењето на самодовербата и подобрување на концентрацијата. 

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-08.jpg

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-02.jpg

На прашањето кој е Дејан приватно, тој вели:

„Јас сум Македонец од Кичево и од кога знам за себе секогаш сум сакал големи предизвици и имам натпреварувачки дух. Магистер сум на економски науки (МБА), зборувам англиски и француски јазик. Обожавам да тренирам и често трчам и се трудам да го поминам слободното време во природа.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-13.jpg

Така ги полнам своите батерии и  секогаш имам позитивна енергија.  Моето второ хоби се моторите, сакам да патувам и често правам авантури и посетувам повеќе места и сакам да пробувам локални специјалитети.“

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-12.jpg

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-05.jpg

uspeshni-makedonci-niz-svetot-dejan-od-kichevo-e-karatist-koj-otvori-svoj-klub-vo-chikago-no-raboti-i-na-univerzitet-i-vo-bolnica-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Стефанија од Скопје е балерина, која живее во Русија и игра главни уло... „Да се почне првиот работен ден со подготвување на главната улога во „Лебедово е...
Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестов... „Ако учениците се среќни ќе бидат активни и фокусирани, а јас ќе бидам смирена, ...
Христина од Кичево е мајка на предвреме родено дете: „Имав нормална бременост, дури по 2 години сфат... „Две недели по раѓањето на Леонид состојбата му се влоши, за што лекарите не сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg