Физиотерапевтот Илија Жежов: „Македонците најмногу мака мачат со спондилоза, сколиоза и спортски повреди“

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-07.jpg

Во последните две години, актуелна е т.н. постковид физиотерапија. Во колкава мера оваа терапија може да им помогне на пациентите што го прележале вирусот?

Ковид пандемијата промени многу работи кај луѓето.

За нас здравествените работници не беше лесно .

Имавме многу пациенти што вистински им бевме потребни во постапката на постковид лекувањето.

По инфективното заболување имавме сериозно, говорам сериозно лекување на атрофирана мускулатура, потешкитии со центарот за рамнотежа, како и сериозни компликации со респираторниот систем.

Се работеа интензивно вежби за дишење, кинезитерапија која овозможуваше целосно раздвижување на секое зглобче, тетива, лигамент и мускулче, медицинската масажа која помогна во зацврстување на мускулниот тонус, подобра циркулација и опуштање како и вежби за балансирана рамнотежа.

Сето ова стручно под сериозен план и програма за работа со пациентот како постковид во 21 ден рехабилитирање.

Крајните резултати биле со добар завршеток бидејќи одговорнста, трпението, позитивноста и оптимизмот биле секогаш на виско ниво од страна на пациент-физиотерапевт.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-06.jpg

Голем број деца се соочуваат со сколиоза... Можете ли да ни појасните за каква состојба станува збор, кои се првите симптоми и како може да се превенира?

Сколиозата е чест проблем кај адолесцентите, па и кај возрасните.

Една од причините кај децата за сколиоза е неправилното седење, мобилните телефони, како и тешките ранци што го оптоваруваат ‘рбетот.

Раното откривање на сколиоза го опфаќа самиот систематски преглед.

Врз основа на прегледот се даваат насоки и упатства што да превземат родителите како стручна превенција на лекување кај децата.

Доколку се смета дека детето или возрасното лице има симптоми на сколиоза треба да ги пренасочи на преглед кај физиотерапевт, како би се превенирале мерки, методи и стручна програма за соодветно лекување.

Добро е, убаво, еднаш месечно секој човек да направи консултација и преглед кај физиотерапевт.

Преку прегледот ќе се откријат настанатите промени и истите можат да спречат посериозни последици.

Се смета дека активното бавење со спорт е главно за да се спречи појавата на болки и проблеми. Кој е спортот што вие како физиотерапевт најчесто го препорачувате и зошто?

Спортот што сите треба да го правиме е терапија со вежби за дома, кои ни овозможуваат раздвижување на целото тело по препорака во зависност од возраста и состојбата на лицата.

Секоја група има различни вежби вежби што одговараат и се соодветни според изведување.

Спортот во теретана е одличен спорт за зајакнување на целосната мускулатура, отстранување на стресот и одлична работа на кардиоваскуларниот систем.

Пешачењето 3 до 4 пати неделно по 45 до 60 минути е исто така добро, како и возењето на велосипед кој одлично помага за целото тело да добие одлична и добра мускулатура.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-03.jpg

Од кој спорт вие како физиотерапевт сте забележале најмногу повреди?

Најмногу повреди се случуваат при скијање, фудбал и теретана.

Често рехабилитираме повреди при фудбал и скијање.

Повреди можат да настанат на секоја спортска активност, но многу е важно навремено и стручно третирање на проблемот кој веќе настанал или е за лекување.

Кои се вашите препораки до граѓаните? Што треба да се направи за да се превенираат телесните повреди?

Често апелирам до граѓаните физички да бидат активни.

Сите мора да имаме од 30 до 60 минути време за себе. Тоа е време за себе и време за спорт .

При појава на болки да не чекаат болката сама да помине, туку да побараат стучна помош од лекар и физиотерапевт.

Потенцирам, навременото брзо лекување спречува појава од посериозни проблеми.

При било каков проблем посетете физиотерапевт, консултирајте се со него и бидете одговорни за своето здравје.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Д-р Маја Врчаковска, кардиолог: „Тинејџер (16) доживеа срцев удар, мит е дека ако се удирате по град... „Операциите на отворено срце се едни од најкомплексните зафати во хирургијата, п...
Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и по... „Секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита. Од кога паметам з...
Евгенија Колев (22) е фит трудница: „Сега вежбам 4-5 пати неделно, во првата бременост качив 30kg“ „Вежбам 4-5 пати неделно во теретана, а пешачам секој ден. Нема забранети в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg