Фани Хаџиева: „На 9 години ми дијагностицираа дијабетес тип 1, примав инсулин по неколкупати на ден, а сега имам пумпа“

„Веќе 29 години живеам со дијабетес тип 1 и животот со дијабетес не е едноставен, тоа е состојба која те тера да созрееш порано, да знаеш да се грижиш за себе, секогаш да имаш со себе резерва инсулин, иглички, апаратче и лентички за мерење гликемија и се разбира нешто благо во случај на хипогликемија …“, споделува Фани Хаџиева (38) од Скопје за CRNOBELO.com, која вели дека поддршката од семејството е клучно, но и дека со дијабетес се живее долго и нормално.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-01.jpg

Фани Хаџиева (38) од Скопје, дипломиран историчар архивист, веќе 29 години живее со дијабетес тип 1.

Таа вели дека ова не е болест, туку состојба со која се живее долго и нормално, доколку ја контролирате ситуацијата.

За својата животна битка, Фани открива за CRNOBELO.com:

Кога ја доби дијагнозата дијабетес мелитус тип 1 и што те натера да појдеш на лекар? Ако се потсетиш на детството, имаше ли некакви симптоми тогаш? 

Дијабетесот ми го открија ма 9 т.е. неполни 10 години. Моите родители забележаа дека повеќепати во текот на ноќта станувам за мокрење и пиење вода, драстично намалив тежина и немав концентрација. Тоа беше знак дека нешто се случува со мене.

Ме однесоа на клинка и ми проверија гликемија која во тој момент тогаш беше 32. Итно ме задржаа на детска клиника на одделот за ендокринологија.

Бев водена од доктор Зоран Гучев, кој веднаш ме стави на инсулинска терапија. И тогаш започна „борбата“.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-001.jpg

Кои се други симптоми на оваа болест? Колку тие го отежнуваат животот? Каков третман примаш?

Од самиот почеток сум на инсулинска терапија.

На почетокот примав 2 пати на ден инсулин, потоа 4, па 5 пати.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-08.jpg

После 17 години, се префрлив кај доктор Горан Петревски и благодарение на него добив инсулинска пумпа, да не речам вештачки панкреас, со што регулирањето на дијабетесот стана многу полесно.

Боцкањето не претставуваше тешкотија за мене, единствено беше тешко да се навикнам да не јадам благо. Во тоа време немаше апсолутно ништо за дијаберичари кај нас, за разлика од сега, кога има буквално сè. Роднините ми носеа производи од Австрија.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-11.jpg

Што значи да се живее со дијабетес тип 1?

Животот со дијабетес не е едноставен, тоа е состојба која те тера да созрееш порано, да знаеш да се грижиш за себе, секогаш да имаш со себе резерва инсулин, иглички, апаратче и лентички за мерење гликемија и се разбира нешто благо во случај на хипогликемија.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-06.jpg

Има ли многу пациенти со оваа дијагноза во Македонија?

Дијабетичари во Македонија има околу 400.000, од кои 26.000 на инсулинска терапија.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-04.jpg

Влијаат ли некои надворешни фактори на состојбата?

Најважни фактори за регулирање на состојбата се исхраната и физичката активност, но освен тоа важен фактор е добриот сон и избегнувањето на стресот, настинките, вирусите, физичките повреди исто така влијаат.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Работам во градската болница во Велес – мора да ви ја пренесам тажната приказна за дедо Петре“ Над дваесет години како сум дел од тимот на градската болница во Велес. За сите ...
Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите... Велат дека воопшто не се променети како луѓе во овие 20 години кариера, Андреј р...
Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестов... „Ако учениците се среќни ќе бидат активни и фокусирани, а јас ќе бидам смирена, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg