Горан Анастасовски: „Ми годеше кога DailyMail ме нарече крал на фотографијата, а омилено ми е да ги сликам животните во зоолошка“

„Сакам да ја фотографирам љубовта, без разлика кон кого е - кон животните, кон луѓето, кон децата. Моите фотографии не се ‘местени’, јас го ловам моментот, детето додека е валкано и ужива во јадењето чоколадо, прегратката на мајката и новороденчето, задоволството на спасен живот, играта на животните...“, споделува Горан Анастасовски oд Скопје за CRNOBELO.com.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-01.jpg

Горан Анастасовски oд Скопје е вработен во маркетинг секторот во весникот „Нова Македонија“, но фотографијата е неговата пасија и љубов.

Со фотографија се занимава од 2006 година, а дел од неговите фотографии осамнаа и на насловните страници на најпознатите светски магазини.

Често прави совршени фотографии од животните во Зоолошката градина во Скопје, но и од разни настани, како и од убавините на Македонија.

Во странските медиуми за него неретко се пишува како за „кралот на фотографијата“.

Колку се заработува од фотографија до Македонија, но и што му е омилено да фотографира, Горан открива за CRNOBELO.com:

Како реагираш на написите од типот „кралот на фотографијата е од Македонија“? Ти годи ли? Во кои светски медиуми осамнаа вакви написи?

Поубаво чувство од тоа еден од највлијателните медиуми во светот „DailyMail“ да те нарече кралот на фотографијата нема.

Нема конкретен повод за ваквите наслови , едноставно кога светските медиуми дознаа за мене и мојата работа ме претрупаа со интервјуа и објави за мене и тоа сè уште не е престанато.

Не можам да набројам точно (бидејќи се премногу), но можам да кажам дека сите највлијателни медиуми, како и медиуми специјализирани за фотографија, имаат објавувано интервјуа со мене и моите фотографии.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-08.jpg

На кој твој проект/фотографија си најгорд досега?

Уфф, едно од најтешките прашања. Па можам да кажам кои се најгледани и објавувани, а јас сум горд на сите мои фотографии.

Еден од проектите кои беа и сè уште се популарни во Македонија се серијата фотографии од Јуруците направени во јуручките села.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-04_1.jpg

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-03_1.jpg

Додека во светот мислам дека најголемо внимание предизвикаа Сепиа фотографиите од животни.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-07.jpg

Како изгледа соработката со магазинот National Geographic? Се заработува ли добро?

Кога би бил надвор сигурно би заработувал, меѓутоа овде не. За заработка не може воопшто да разговараме затоа што скоро и да нема.

Со странските медиуми соработувам така што тие ја пратат мојата работа и кога ќе видат интересни фотографии ми пишуваат. Заработката од тоа е минимална (никаква).

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-10.jpg

Во Македонија може да се живее од фотографијата доколку се занимаваш со фотографирање свадби (што јас не го работам). Инаку никако не може.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-05.jpg

Патување на кое си направил најдобри фотки...

Како што веќе спомнав мислам дека најубави фотки имам направено кога престојував во јуручките села во околината на Радовиш.

goran-anastasovski-mi-godeshe-koga-dailymail-me-nareche-kral-na-fotografijata-a-omileno-mi-e-da-gi-slikam-zhivotnite-vo-zoo-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Горан Митров, струмичанец со префинет моден стил: „Пасија ми се чевлите, а оделата ми се заштитен зн... „Најдобро се чувствувам во црно одело и бела кошула, но сакам и авнгарда. Би сак...
Македонци искрено за астрологијата: „Ми кажаа според натална карта дека нема да се омажам млада и та... Мирослав (24) за CRNOBELO.com вели: „Бев кај една позната девојка која прав...
Сара и Јана, сестри од Скопје на кои хобито им стана мал бизнис: „Сликаме со акрилни бои, во Македон... „Многу често добивавме пораки од пријатели и членови од семејството да нацртаме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg