Мартина Трајковска: „Почнав рецептите на мајка ми да ги готвам во здрава варијанта, некои торти ги правам по 3 дена“

Најбрзиот рецепт кој те спасува секогаш кога ќе ти дојдат гости ненајавено (или имаш малку време за да направиш)...

Дефинитвно урмите полнети со путер од кикирики, потопени во црно чоколадо.

Рецепт за кул салата за модерни домаќинки....

Салата од рукола, шери домати, авокадо, чаден лосос, ниско маслено фета сирење, свежо нане и босилек, краставичка, брусница, а како прелив маслиново масло, лимета сок и балсамико крема.

Што ти е најтешко за готвење и ти одзема најмногу време?

Искрено ништо не ми е тешко за готвење бидејќи уживам во тоа и ме смирува. А нешто што најмногу одзема време е некоја здрава торта бидејќи има повеќе чекори за изработка и треба време за да се замрзне.

Се случува некои торти да ми одземат време за подготовка од 2-3 дена.

Има ли голема разлика во вкусот помеѓу тестенини од хељда или леќа со обичните?

Мене не ми прави разлика искрено, не знам дали е тоа така затоа што сум навикнала, но искрено преубави ми се.

Тешко ли е да се направи вкусен и сочен рецепт, но со здрави состојки?

Не, според мене здравите рецепти се повкусни од обичните, особено здравите благи.

Дали се храниш само со здрави состојки или понекогаш си дозволуваш разновидни состојки во рецептите?

Јас се водам по 80/20 правило. Тоа е 80% здраво, а во тие 20% има храна која можам да си ја дозволам во помали количини, и за која важи дека е помалку здрава кај луѓето.

Според мене од ништо не треба да се лишиме, бидејќи со тоа нема трајни резултати.

Лесно ли се достапни здравите состојки кај нас, има ли избор?

Па, до пред 3 години имаше многу помалку избор, но во последно време секојдневно откривам нови производи и дефинитивно идеме напред.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Бубе Ин за CRNOBELO: „Мајка ми почина кога почнував да работам, никогаш не успеав да ѝ направам фриз... „Работата беше таа што ме врати во живот. Ми даде светлина, енергија да одам пон...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg