Мартина Трајковска: „Почнав рецептите на мајка ми да ги готвам во здрава варијанта, некои торти ги правам по 3 дена“

„Најкористена намирница ми е протеин за појадоци, за ненајавени гости правам полнети урми потопени во црно чоколадо, мене здравите рецепти ми се повкусни, а тестенините од хељда или леќа ми немаат разлика во вкус од обичните, но си дозволувам во помали количини и по нешто нездраво“ – вели Мартина за CRNOBELO.com, која е позната по својот Инстаграм профил за здрава храна и неодоливи рецепти, @martinas_healthy_kitchen.

martina-trajkovska-za-spojot-na-zdrava-i-vkusna-hrana-majka-mi-ima-najgolema-uloga-vo-mojata-ljubov-kon-gotvenjeto-01.jpg

Доколку сте љубители на добрата и вкусна храна, сигурно сте наишле на Инстаграм профилот @martinas_healthy_kitchen, ремек дела зад кои стои Мартина Трајковска (25). 

Насмеана и позитивна личност која секојдневно изненадува со рецепти од домашната кујна, специјалитети со состојки од наше поднебје, а интересното е што е всушност стоматолог, професија која нималку не е сродна на кулинарството.  

За спојот на вкусна и здрава храна, Мартина открива повеќе за CRNOBELO.com... 

Како дојде до идејата за здраво готвење и од каде црпиш инспирација за твоите рецепти?

Здраво се исхранувам многу години наназад, а бидејќи имав потенцијал сакав тоа да го покажам на најблиските со тоа што направив Инстаграм страна и не верував дека до тука ќе стигнам.

Инспирацијата ми доаѓа сама по себе, рецептите на мајка ми да ги направам во здрава верзија или од ресторани кои ги посетувам, градови или едноставно Инстаграм профили.

Кој те научи како да готвиш?

Дефинитивно, мајка ми има најголема улога во тоа колку сум го засакала готвењето и гледајќи ја неа, имам научено многу рецепти и техники.

Изминативе 5 години готвам сама, бидејќи во денешно време, со помош на сите социјални мрежи, жално е човек да нема иницијатива за подготовка на храна.

Што го прави твојот Инстаграм профил атрактивен и уникатен?

Слушајќи и гледајќи што им се допаѓа на сите околу мене, можам да кажам дека тоа се преубавите, вкусни, брзи, здрави рецепти, убав опис и слика на рецептот, пресметани калории за секој оброк. Во тоа се крие мојата уникатност.

Кое ти е омилено јадење за подготовка и колку долго се занимаваш со готвење?

Активно готвам последниве 5 години. Периодов омилени ми се рецептите со тиква, особено овесот со тиква кој може да го погледнете на мојата Инстаграм страна.

Дали сметаш дека има иднина кулинарството како професија кај нас?

Секако, нашата македонска кујна е една од најубавите во светот и верувам дека има иднина за кулинарството, особено затоа што се повеќе млади луѓе се заинтересирани на оваа тема.

Најкористената намирница при готвење ти е (и зошто)...

Најкористена намирница ми е протеин. Бидејќи секое благо, ужинка или доручек во комбинација со протеин е прво превкусно, а второ здраво, се разбира.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Бубе Ин за CRNOBELO: „Мајка ми почина кога почнував да работам, никогаш не успеав да ѝ направам фриз... „Работата беше таа што ме врати во живот. Ми даде светлина, енергија да одам пон...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојде... „Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А прива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg