Христина Наќевска, балерина: „Балетските патики ми се најудобните обувки, учам од примабалерината Александра Мијалкова “

„Балетските патики или шпиц патики (тие со коишто балерините играат на прсти) кога за првпат ги облеков, нормално, ми требаше повеќе од една година за да ми се навикнат прстите, но моментално ми се едни од најудобните обувки. Но, по секоја напорна проба нозете ги ставам во многу ладна вода за да се опуштат за наредниот ден“, споделува балерината Христина Наќевска (26) од Скопје за CRNOBELO.com.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-01.jpg

Христина Наќевска (26) од Скопје, од свои 10 години активно игра балет. Има завршено средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, а потоа дипломирала на Факултетот за музичка уметност – балетска педагогија.

Самоуверена, грациозна и магична на балетската сцена, таа е вистински мевлем за очи и душа.

За својата кариера на балерина, Христина споделува за CRNOBELO.com...

Како одлучи да бидеш балерина?

Балетското образование го започнав на 10-годишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Морам да признаам дека дотогаш не бев некој љубител на балетот, ниту пак знаев како изгледа балетска сала или балетски патики, меѓутоа по иницијатива на мојата тетка, која е солист во Националната опера и балет  бев поканета да гледам неколку балетски претстави, но и да ги посетам вежбите на учениците  во училиштето „Илија Николовски Луј“.

Во тој момент сфатив дека и јас би сакала еден ден да сум дел  од балетската сцена. Веднаш се запишав во училиштето и ја почнав мојата балетска едукација, така всушност започна мојата љубов кон балетот.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-08.JPG

Колку беше тежок процесот?

Секој почеток е тежок, па така и изучувањето на првите балетски движења, меѓутоа нашата професија бара постојана работа, посветеност и надоградба, така што не можам да кажам дека сега е лесно, напротив морам да работам многу за да достигнам некое друго ниво и да бидам подобра од вчера.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-05.JPG

Како ја доби улогата на Пепелашка во истоимената балетска претстава?

Секогаш кога се подготвува премиера кореографот прави еден вид аудиција според која се одлучува кој би бил идеален за секоја една улога, па така и за балетот „Пепелашка” беше направена аудиција и доделени улогите.

 Сепак улогата  на Пепелашка ја добив со работа и посветеност кон истата, моравме да остануваме и да работиме подолго од предвиденото, но кога го сакаш тоа што го работиш ништо не е тешко.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-06.JPG

Кои се твоите трикови за фокус и доминација на сцената?

Мора да признаам дека кога станува збор за доминација на сцената најмногу ми помагаат поискусните педагози и кореографи, меѓу кои и нашата примабалерина Александра Мијалкова од која научив и сè уште учам што значи доминација на сцена и како да ја освоиш сцената со само неколку чекори.

Кога станува збор за фокусот пред сè претставата мора да е добро изработена за кога ќе застанам на сцена да можам да уживам во истата.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-03.JPG

Балетот е буквално глума без зборови... Го разбираат ли посетителите, колку во Македонија има балетска публика?

Јас како балерина сум се нашла и од другата страна на сцената, во публика, ме фасцинирало тоа што балетот всушност не го прават технички сложените движења, напротив приказната се раскажува преку ликот, а највеќе преку душата, тоа е тоа што всушност го гледа публиката и верувам дека кога душата ти зборува на сцената приказната допира до секој.

За жал, во Македонија интересот за балет и не е на највисоко ниво, навистина не знам на што се должи тоа, можеби на тоа што луѓето не се доволно информирани.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-04.JPG

Улоги на кои си најгорда досега и улога за која се имаш најмногу измачено...

Ова ми е навистина тешко прашање бидејќи не би  можела да издвојам една или две улоги, сите ми се драгоцени и во сите сум вложила подеднакво труд и напорна работа.

Меѓутоа кога би требало да издвојам една би била улогата на „Кити” во балетот Ана Каренина, бидејќи покрај физичката и техничка сложеност улогата сама по себе бара и  голема емоционална подготвеност, која сепак треба да биде дозирана во рамките на балетска интерпретација, во тоа е всушност тежината на улогата.

Тоа беше долг процес на работа, меѓутоа сметам дека кореографот го извлече најдоброто од мене.

hristina-nakjevska-balerina-baletskite-patiki-mi-se-najudobnite-obuvki-ucham-od-primabalerinata-aleksandra-mijalkova-11.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дизајнерката Коцарева ни открива детали за венчаниците на Александра Шијакоска: „Таа сакаше цвет и р... „Александра ме праша дали е подобро да има ракавици или само еден ракав од стран...
Александра Добреска живее 15 години на Миконос: „Сопругот е Грк кој го запознав овде, пливаме преку ... „На Миконос првпат отидов во 2008-ма на мои 19 години. Истата година се запознав...
Зоки Фаци има колекција од преку 300 пара патики: „Најскапите се 1.200 евра, омилени ми се Dolce & G... „Од првите поголеми заработени пари си купив два пара патики од Dolce & Gaba...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Ги учам моите деца дека луѓето не се делат по етничка група, верска припадност, социјален статус“ -... „Кога ќе имате пријатели од сите етнички заедници, сите религии, економски посла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg