Стоматологот Иван Шутаров: „Плакнете ги со вода забите по јадење портокал, но не ги четкајте веднаш по оброк“

„Поголемиот дел од луѓето мислат дека четката за заби треба да биде тврда за подобро да се исчистат забите. Но, тоа е сосема погрешно, бидејќи со триењето на тврдата четка нанесуваме многу штета на емалјот на забот. Подобро е да се одлучите за четка за заби со меки влакна, и без употреба на сила со правилно четкање, забите ќе се исчистат одлично“, вели стоматологот Иван Шутаров (32) од Скопје за CRNOBELO.com.

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-01.jpg

Иван Шутаров (32) од Скопје, работи како стоматолог веќе 7 години, од кои 4 години има своја ординација.

Во слободно време, покрај да минува мигови со семејството, најмногу ужива во своето хоби мотоциклизам, но и крос фит, како и страста да учи да лета, за што веќе земал почетнички часови.

Сепак, главен фокус во животот му е професијата и правилниот третман на неговите пациенти.

За CRNOBELO.com д-р Шутаров споделува детали од својата професија:

Колку Македонците се грижат за своите заби? Посетуваат ли редовно стоматолог или само кога имаат проблем? 

Можам слободно да кажам дека во последно време се повеќе се води грижа за забите.

Впрочем, сите сакаме убави заби нели? Меѓутоа сè уште имаме и од оние пациенти кои нè посетуваат само кога имаат болка или некаков проблем.

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-13.jpg

Кои се најчестите грешки кои ги правиме кога станува збор за негата на забите ? Дали пресилното четкање на забите со четка може да им наштети на забите и непцата? Kаква четка треба да користиме?

Една од најчестите грешки кои ги правиме е тоа што поголемиот дел од луѓето ги четкаат забите само еднаш во денот, наутро.

Од голема важност е да се четкаат забите и навечер - пред спиење. Со тоа ќе се осигураме дека сме ги отстраниле бактериите, остатоците од храна и наслагите, кои се акумулирале во текот на денот при јадење. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-12.jpg

Втората најчеста грешка е недоволното времетраење додека ги четкаме забите.

Забите треба да се четкаат 2 минути. Една минута треба да се посвети на горните и една минута на долните заби. 

Потоа, доста честа појава е пресилното четкање на забите, а со тоа само го оштетуваме емајлот (односно првиот слој) на забите. Не треба да се употребува преголема сила за ефикасно чистење на забите. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-05.jpg

Исто така, изборот на четката за заби е од особена важност.

Поголемиот дел од луѓето мислат дека четката за заби треба да биде тврда (hard) за подобро да се исчистат забите. Но, тоа е сосема погрешно, бидејќи со триењето на тврдата четка нанесуваме многу штета на емалјот на забот.

Подобро е да се одлучите за четка за заби со меки влакна (soft), и без употреба на сила со правилно четкање, забите ќе се исчистат одлично.

Предолгото користење на четката заби е исто така една од доста честите грешки кои се прават. Четката треба да се менува на секои 3 месеци. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-09.jpg

Колку изборот на паста е важен?

Изборот на пастата за заби е од особена важност и треба да се внимава при истиот.

Најдобриот избор на паста за заби е онаа која во својот состав не содржи SLS (Sodium Lauryl Sulfate). А што е SLS? Тоа е состојка која ја има во сите средства за чистење на домаќинствата и лична нега (детергенти и прашоци за перење, лосиони, шампони за тело и коса, течни сапуни, но и во некои пасти за заби).

Всушност, тоа е состојката која ја прави пената (foam).  Меѓутоа многу студии покажаа дека е екстремно токсична состојка која има штетно дејство врз нашиот организам, па така најдобро е да си одберете паста за заби која во својот состав не содржи SLS. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-08.jpg

Колку често треба да чистиме каменец и кој е ризикот ако не го правиме тоа?

Забниот камен треба да се чисти на секои шест месеци. Имено, чистењето на забниот каменец претставува стоматолошка процедура во која се отстранува забниот камен, плак/наслаги, но и пигментации на забите кои можат да бидат присутни.

Еднаш кога е формиран забниот камен и не е можно негово отстранување со паста и четка, тогаш е потребна посета на стоматолог.

Самата постапка на чистењето на забниот каменец се смета за безболна и без употреба на локална анестезија, а се прави со помош на ултразвук чии вибрации го распрснуваат каменецот, притоа не правејќи никакво оштетување на забот.

Доколку не го отстраниме забниот камен може да дојде до појава на гингивитис - воспаление на непцата, пародонтопатија и расклатување на забите, кое резултира дури и со нивно губење. 

stomatologot-ivan-shutarov-zabite-treba-da-se-chetkaat-2-minuti-no-greshka-se-presilnoto-chetkanje-i-tvrdata-chetka-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Дарио Ивановски пред маратонот на Олимпијадата за CRNOBELO.com: „Секој ден трчам по 25km, подготвен ... „Ова е моја прва Олимпијада и секако дека сум возбуден. Подготвен сум на сите пр...
Психолог м-р Тиана Ивановска, која беше на терен во Кочани: „Прифаќањето на лузните на телото е комп... По колективната траума која ја остави трагедијата во Кочани над сите нас, поразг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg