Влатко Груевски, оперски пејач: „Наутро слушам поп музика или турбо фолк, 2 часа пред настап не разговарам со никого“

Каква музика повеќе сака да слуша македонската публика – класична или забавна и дали сметаш дека со изведбата на поп и модерна музика можеш повеќе да ѝ се доближиш на публиката?

Морам да бидам искрен дека македонската публика е слушател со истенчен вкус. Знаат македонските слушатели што е добро и што заслужува пиедестал.

Во однос на класичната и забавна музика, секоја музика си има слушатели, но она кое мене ме воодушевува моментално е тоа што тој склоп на класична со забавна музика и испејувањето на познатите забавни мелодии со оперски глас, во моја изведба, наиде на огромен поздрав од страна на публиката.

На првиот таков концерт се сеќавам, голем број на јавни личности од музичкиот свет, актери, водители, организатори, спортисти, професори од ФМУ, беа воодушевени од тој склоп, а најубавиот коментар беше дека, прекратко траеше, а концертот беше во траење од 1 час и 20 минути.

Искрено не беше намерата со овој проект од перспектива да јас се доближам на публиката преку тоа, него класичната музика да ја доближам до поголем број на слушатели, а како слушател на сите жанрови, само поп музиката ми е мост кон тоа, така што, ќе го продолжам тоа до онаа максимална граница, а исходот ќе го видиме на крајот.

vlatko-gruevski-operski-pejach-nautro-slusham-pop-muzika-ili-turbo-folk-2-chasa-pred-nastap-ne-razgovaram-so-nikogo-07.jpeg

Колку често ти се случува да патуваш за настапи и кој е според тебе најубавиот град што некогаш си имал можност да го видиш?

Ако зборуваме за низ нашата Македонија, одма ќе кажам дека не сум застанал, а неретко и надвор од границите, но многу помалку, тоа е бидејќи сум повеќе насочен кон домашната сцена.

Кај нас уживам во сите градови, сите имаат нешто свое да понудат, свој печат и баш тоа ми се допаѓа, а во светот за мене најубав град е Милано, уживам во неговиот дух, модата, начинот на живот на неговите граѓани, архитектурата, чувството дека таму е една од најпрестижните оперски куќи „Ла Скала“, ме воодушевува функционирањето на трамвајот со број 1 кој датира од 1881 итн.

vlatko-gruevski-operski-pejach-nautro-slusham-pop-muzika-ili-turbo-folk-2-chasa-pred-nastap-ne-razgovaram-so-nikogo-09.jpg

Која е сцената каде посакуваш да настапуваш некогаш кога би имал прилика за тоа?

Многу ги има, еве нека биде кај нас античкиот театар „Хераклеа“ и во Милано на сцената на оперската куќа „Ла Скала“.

Постојат ли одредени пијалаци или храна што одбиваш да ги консумираш за да го заштитиш гласот?

Единствено избегнувам да пијам ладна вода.

vlatko-gruevski-operski-pejach-nautro-slusham-pop-muzika-ili-turbo-folk-2-chasa-pred-nastap-ne-razgovaram-so-nikogo-08.jpeg

Откриј ни 3 тајни за себе што никој не ги знае.

Не сакам хорор филмови, сакам да одам на шопинг сам и не сакам кога ми се допира облеката.

Кога не би бил оперски пејач, тогаш би бил...

Политичар, се шегувам, најверојатно архитект или филмски актер. 

vlatko-gruevski-operski-pejach-nautro-slusham-pop-muzika-ili-turbo-folk-2-chasa-pred-nastap-ne-razgovaram-so-nikogo-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Вера Мештеровиќ за стилот и убавината: „Одам на масажа двапати неделно, и во зима користам SPF50“ „Долго време не внимавав на исхраната, но ми се појави интолеранција на лактоза,...
Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во ... „Во Лос Анџелес го снимав моето ново филмско музичко дело, Spectrum со оркестаро...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...

Најчитани неделава