„Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Живеев во голема, но трошна куќа со мајка ми, баба ми, дедо ми и брат ми, функциониравме сосема нормално. Но, кога мајка ми ја изгуби работата и фирмата отиде во стечај, работите почнаа да се влошуваат“, вели Марија за CRNOBELO.com, која денес е правник и гради убав живот и кариера.