„Имам сниманo реклами во Унгарија, Словачка, Австрија, Германија... Луѓето што се занимаваат со снимања ме препознаваат и многу ми е важно што ме поздравуваат со 'Македонија' или со 'Македонец'...
„Од неодамна започнавме и со традиционална балканска готвена храна, која се продава во порција од 6 евра. Најчести потрошувачи се нашите Балканци меѓутоа скоро и да не постои човек што не го пробал и не го пофалил нашиот бурек“ – вели за CRNOBELO.com Емилија Самарџиоска, една од сестрите кои стојат зад пекарницата „Twins Burek“ на Малта.
„И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат запознавање, разговор, а обезбедувањето ги тргна. На смеа им велам: А што ако сакам да станам нигериски зет? Ми одговорија: Ти одбери која сакаш, ќе ти ја донесеме дома,“ раскажа Милош Боев за животот и работата во Нигерија.
„За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање што би ми помогнал со исправување на грбот. Почнав да вежбам кога стигнав во Лондон и на поттик од една пилатес инструкторка се запишав на курс за инструктори“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Каменка Чавдарова, Македонка која има свое пилатес студио во Лондон.
„Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното население зборува англиски. Досега, за две години, успеав да научам само неколку збора, најосновни работи“, вели Стефан Стојаноски, кој работи како фитнес тренер во Пукет.
„Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги испочитувавме и нејзините обичаи и оваа година направивме мала забава и во Јужна Африка. Во Македонија има многу повеќе мир и спокој кога сме на одмор, но, Јужна Африка нуди повеќе можности за работа“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Младен Спасов кој работи како генерален менаџер на крузер.
„Работиме напорно, но горди сме што имаме да им оставиме нешто на децата“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Лорета Стојановска, сопственичка на најстариот македонски ресторан во Англија, „Вардар“.
Драган Гелев од Штип речиси две децении живее и работи во Швајцарија, а неговите дела се продаваат во некои од најпознатите галерии во Лондон, Берлин и Базел. Имал своја изложба и во Чикаго. Светски, а наш!
„Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават нокти, но за разлика од Скопје каде си муабетам со клиентките, тука додека им правам нокти, си молчиме. Тука се внимава се да е стерилно и од сертифицирани брендови, а Холандија е земја со олеснителни околности за бизнис“ - Mарија Цветановска за CRNOBELO.com раскажува за проширувањето на нејзиниот бизнис во Холандија.
„Како студент на Ликовната академија во Скопје паметам дека 2007-ма беше годината кога почнав да експериментирам со мурали, улична уметност“, ја започнува својата приказна за CRNOBELO.com Ружица Мандичевска, позната како илустраторката Руки Чуки.
„Уметниците не се ценат доволно ни во Македонија ни во Бугарија, но тука барем многу почесто доаѓаат луѓе на културни настани. Токму во Софиската опера започнаа искрите и со мојот сегашен сопруг, кој е еден од најпопуларните солисти во Бугарија и забавно ни е да работиме заедно“ - раскажува за CRNOBELO.com, Елеонора од Прилеп, наша талентирана оперска пејачка која живее и работи во Софија.
„На почетокот делев студио и изложбен простор со друг дизајнер, но сега имам независен простор во Милано каде што работам, организирам изложби и остварувам средби со клиенти“, вели Даниел Николовски (32) oд Скопје.
„Додворувањето и запознавањето тука е многу директно, без мажите да се плашат од одбивање. Во Милано се дружам со доста Балканци - друго е кога го зборуваш истиот јазик, го имаш истиот хумор“, вели Магдалена, која на 18 години почнала да студира во Италија, а денес работи за голема компанија за дизајнирање ентериери.
„Идејата да отворам ресторан во Германија ми беше уште од првиот ден кога се преселив тука. Служиме тавче-гравче, скара и македонско грне“, вели Даниел Петровски (37) за CRNOBELO.com, кој е сопственик на ресторан во градот Ханау.
„Предизвиците се секогаш тука, и не е секогаш лесно. Како и патот до тука што не беше секогаш лесен. Но, сега го живеам својот сон“, вели Стефанија Димеска, професионален пилот во областа на бизнис авијацијата, и споделува детали за својата професија.