Успешни Македонци низ светот: Стефанија Димеска е пилот во авиокомпанија во Италија

„Предизвиците се секогаш тука, и не е секогаш лесно. Како и патот до тука што не беше секогаш лесен. Но, сега го живеам својот сон“, вели Стефанија Димеска, професионален пилот во областа на бизнис авијацијата, и споделува детали за својата професија за CRNOBELO.com.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-01.jpg

Стефанија Димеска, родена во Прилеп, e професионален пилот во областа на бизнис авијацијата.

Таа работи во авиокомпанија „SmallFly“ и живее во Италија.

„Small Fly“ е приватна авиокомпанија која нуди услуги за превоз на патници и товар, со логистички бази во Италија, Малта и Франција. Нивната мисија е да го направат приватниот авиопревоз подостапен за индивидуални и деловни клиенти.

За CRNOBELO.com таа споделува детали за својата приказна:

„Љубовта кон авионите и желбата да летам и да го гледам светот од високо ме водеа уште од мали нозе.

Така, денес работам за компанијата SmallFly и живеам во Италија.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-02.jpg

Како и секоја друга професија, така и оваа, овозможува не само кариера, туку и динамичен стил на живот исполнет со постојани предизвици и нови искуства.

Работата е уникатна, во смисла дека нема фиксни рути за летање или предвидлив распоред.

Летовите се организираат согласно барањата на клиентите, често во последен момент.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-06.jpg

Најчести дестинации се низ Европа, големи метрополи, но и помали градови, кои верувајте се магични и прават да се изненадите од убавината на овој свет.

Токму ова ја прави оваа професија возбудлива, бидејќи секој лет е нов предизвик и нова приказна.

Како пилот, мојата улога опфаќа темелна подготовка на летот. Што би значело тоа: процена на метео условите, комуникација со вработени од аеродромот за потребите на летот, подготовка на документација за истиот, подготовка на кетеринг (во зависност од барањата на клиентите), подготовка на авионот, и останати технички работи поврзани со летот.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-05.jpg

Комуникацијата со клиентите е секогаш на професионално ниво. Безбедноста, точноста и удобноста на клиентите се најважни.

Со тоа, работењето во мала, професионална екипа создава чувство на блискост, доверба и ефикасност.

Летањето ми овозможува слобода. Слобода на избор, на динамика, на постојан раст и учење. Авијацијата генерално те учи на дисциплина, приспособливост и смиреност особено во најкомплексните ситуации. Како би рекле ние, „Со мирна глава“.

Секоја одлука е важна, секоја постапка прецизна, а секоја комуникација јасна и професионална.

Сето ова кога ќе се спои со погледот од горе, погледот на залез на сонцето или изгрејсонце, уф верувајте добива поинаква тежина, едноставно бесценето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Кјара Гоља е адвокат во Нов Зеланд, со желба да стане пратеник или дип... „Додека студирав, политиката ми беше главен фокус и имав можност да работам на н...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Д-р Адела Стефанија, гинеколог акушер: „Ни барале да се породат на точен ден заради астрологија, одн... „Сè почесто има барања за царски рез по избор, но тоа е сериозна операција. А им...
Успешни Македонци низ светот: Даниела Настеска работи на откривање лек за дијабетес во Оксфорд „Мојот интерес за болеста која го допира скоро секое семејство во Македонија, е ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава