„Без филтер“ со Бомбакис: „Картонот дека го победив ракот ми беше најемотивен“
- Детали
- среда, 16 јули 2025
Бомбакис тврди дека тој го има најсмешниот пасворд за wi-fi, но ако го каже на глас, видеото ќе мора да го покриеме со „титкање“. Сепак, без филтер, ни откри кој е.

Кристијан Станковски - Бомбакис, беше гостин во нашата рубрика „Без филтер“. Па, ни откри дека поемотивно му било да го објави картонот дека го победил ракот, од оној дека се жени и дека ќе стане татко.
И денес, вели, сè уште има страв дека болеста ќе се врати.

Ни призна дека токму тој го има најсмешниот пасворд за wi-fi и дека ако го каже на глас, видеото ќе мора да го покриеме со „титкање“, но сепак ни откри кој е.
А на прашањето како најлесно може да ја расплаче ќерка му, вели:
„Кога нема да ѝ дадам нешто да јаде, пошто цело време јаде, ха, ха“.
Погледнете го видеото и интересните одговори на Кристијан Станковски - Бомбакис:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
