Перењето автомобил не мора секогаш да биде досадно и напорно, посебно ако при тоа користите вотка или нешто газирано.
(СЕУЛ) Септември 15, 2015 – Kia Motors денеска ги претстави целосно новиот Kia Sportage и целосно новата Kia Optima со европски спецификации на 66. меѓународен саем за автомобили во Франкфурт.
Porsche Mission Е: 600 КС, опсег од 500 километри и само 15 минути полнење...
Франкфурт, 31 август 2015– Kia Motors Европа изведе сеопфатна надградба на популарниот Kia cee’d, модел кој е најзаслужен за континуираниот успех на компанијата во Европа во последниве неколку години. Со подинамични перформанси и карактеристичниот...
Франкфурт, 17 август 2015 – На 15 септември, на меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт, Kia Motors за прв пат ќе го претстави целосно новиот Sportage.
Автомобилската колекција “Pinaccle Portfolio” е ставена на аукција, а љубителите на ретки автомобили со подлабок џеб ќе можат да си дозволат по некое од овие ремек-дела...
Риселсхајм. Opel останува на патеката на успехот во Европа: по прелиминарните цифри за јуни, бројот на новите регистрации на автомобили е зголемен за повеќе од 9.800 во однос на истиот месец минатата година, што претставува пораст за 9 проценти, што резултираше со 118.600 нови регистрации. Пазарниот удел во јуни изнесуваше 6,35 проценти. Резултатот на Opel во првите 6 месеци е, исто така, позитивен, и покрај напуштањето на рускиот пазар. Од јануари до јуни, производителот од Риселсхајм продаде 582.300 возила, што е пораст од 3 проценти, т.е. околу 18.400 единици повеќе од истиот период во 2014 година. Тоа е еквивалентно на напредок, во однос на пазарниот удел, од 5,9 проценти...
Скопје 08.07.2015 - Најекономичното возило на светскиот пазар и предвесник на иднината во автомобилската индустрија, Volkswagen e-up! од денес е достапно и на македонскиот пазар. Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови. Со него може да се минат 100 километри за 57* денари, поради што е прогласен за светски шампион на полето на ефикасноста...
Риселсхајм. „Сѐ само не сладок и сѐ само не бавен“, беше слоганот кога новиот ADAM ROCKS S ѝ беше претставен на публиката на Саемот за автомобили во Амстердам оваа пролет. Сега овој миникросовер со тркачки амбиции е подготвен за спринт со купувачите...
Авто Експрес го препозна новиот систем на персонална конективност и сервисна асистенција како врвен...
Скопје 03.07.2015 - Технолошки најнапредниот автомобил во класата на спортско корисни возила од Audi, Q7 денеска беше ексклузивно промовиран на највисоката точка во Скопје, врвот на Водно. Настанот на кој присуствуваа новинари и вљубеници во убавецот на четири тркала беше организиран од „Порше Македонија“ со цел да се претстави автомобилот кој по излегувањето на светскиот пазар беше окарактеризиран како луксузен, комфорен, но со спортска едноставност...
Новиот ŠKODA Superb освои 5 ѕвезди на Euro NCAP. Резултатот ги потврдува извонредните безбедносни стандарди на новиот модел на ŠKODA кој наскоро ќе биде лансиран на македонскиот пазар. Последните резултати на Euro NCAP, покраj...
Длабоките гребаници од клуч или друг остар предмет го нарушуваат изгледот на секој автомобил, но и за тоа постои брзо и ефикасно решение.
Веројатно на прв поглед делува како секој обичен автомобил, но ова BMW X6 доживува трансформација со само неколку литри жешка вода...
Веќе седум години, Tiguan е еден од најпосакуваните модели на Volkswagen во светски рамки. Volkswagen за новата моделска година кај Tiguan ја обнови клучната спецификација на опрема. Заедно со новата генерација на мотори, компактниот SUV отсега може да се пофали и со ново радио и нов навигациски систем...
Мисијата е успешно завршена: Porsche ја забележа својата 17-та победа на 83-тата 24-часовна Ле Ман трка ;и тоа освојувајќи го првото и второто место. Возачите Ерл Бамбер од Нов Зеланд, Нико Хулкенберг од Германија и Ник Тенди од Велика Британија...
Оваа година Volkswagen го збогати GTI митингот со две светски премиери на два неверојатни Golf модели од иднината: Golf GTI Clubsport и Golf GTE Sport. Golf GTE Sport е концепт автомобил со карбонска каросерија, со ново осмислена патничка кабина и plug-in хибриден систем со моќност од 295 kW / 400 КС како и погон на сите тркала.
Продолжувајќи ја долгата осумдецениска традиција на компактните модели на Opel, шефот на Opel групацијата, д-р Карл Томас Нојман (Dr. Karl-Thomas Neumann) ќе ја открие сосема новата Astra на меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт (од 17-ти 27-ми септември 2015 година)...